Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Драга Кајгана ти немаш јазик така што немаш ни поим колку е парчево торта добро што го јадам... А никогаш нема ни да имаш! Ама ајде пак да ти кажам :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
види..
блблблблллбблбллблбл..
нешто све ми е собрано ''до моега''.
ај чао :)
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
денес го видов внук ми - златен е и само на мене ми се смее (на сите други им плаче). :X3: Малечко од месец и пол... Многу е срце. :)

Што се замараат некои луѓе толку со мојот живот, кога и јас не се замарам толку со него. Ја сфаќам нивната потреба за разговор, ама страшно ми е глупо кога јас и мојот живот сме главна тема - глупо е.
И уште ова... Не знаев дека на денешно време успех е да работиш во фирма каде што сопственикот или менаџерот ќе ти се пушта и ќе ти дава (не)пристојни предлози, а ти уште ќе се фалиш со тоа дека си јака женска. :facepalm: Може си јака, уствари, а јас ич немам вкус жени.
Така Драга, ајде поздрав... :)
Еве ти една (братучетка ми ја уби од пеење денес, за малиот и ми рече дека песната ја потсетувала на мене, кога сум била мала :icon_lol: ) :
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Само да ти кажам дека сум несалам. Денеска на работа им ја рецитирав Проштавање од Рацин. Како вистинска велешанка, цела ја знам на памет. Еве ти ја и ти да ја знаеш.

Не ли ти кажав, не ли ти кажав,
нели ти реков на проштавање?
Ич не ме чекај, ич не ме пекај
Белград е ламња, во Белград ја роб
снага по туѓи палати оставам,
снага во усни несити клавам,
и дома – дома не ќе се вратам,
не ќе ги пијам очите твои
не ќе ја гледам снагата твоја –
далеку негде сувата рака
по тебе, Вело, пустата мака
пуста ќе остане…
Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
знам оти чеиз и ти не везеш,
знам, Вело, пусто остана сичко –
не ли си и ти аргатка клета?
Тутуни садиш, тутуни нижеш,
тутун таговно у монопол редиш,
ме споменуваш и ем си жалиш
денови – крепи тешки си редиш –
Величко, мори, другачко златна!
Но почуј, Вело, што ќе ти кажам!
Не ми се, Вело, жали и клети!
Подигни очи – очи засвети
нија очи, што душа горат!
Тој што ни, Вело, однесе сичко –
тој ни остави од темно темен
веков за мака – но и за борба.
Има на вој свет како нас многу!
Има ги, има – мачат се, копат,
копачи копат по темнината,
копачи копат и тунел дупат.
И има, има – радост голема
радост длабока во темнината:
да светиш, Вело, жар да се стопиш –
во борба гроб ти душа не зема!
Коо јас да одам на ппечалба се почувствував, а уствари ми го кажаа првиот стих низ муабет, јас си почнав и ми текна на другар ми и ме фана жал...И така.
АЈ да си ја дочитам барем оваа книга, веќе срам ми е сама од себе.
 
H

HITCH

Гостин
После многу долго време се разбудив спокојна. Боже, се смирив и се помирив, кој би рекол?! Само една работа може да ми го наруши миров и убавото расположение - ебаниве комарци! Само убивам, а тие се `ко феникс - неуништливи. Денес се изнаслушав убава музика, а имам и некои добри книги, па... можам повторно да уживам.


Драга, жената сама дозволува да биде деградирана. Никој не може да ја натера да направи нешто што не сака. Што погрешиле? Зарем е грев да бидеш жена???



^ Ова е тажно!
 
П

Пепси_

Гостин
кајг....некои членови едноставно те гушат осеќам,среќа нивна што не можеш да им преговориш. :cenzura:
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Драга моја. 20 ебани дена идам надвор од цивилизација. 10 у Охрид и 10 во Грција. Ќе ми недостигаш за тоа време. Биди ми верна и не ме варај. Се одјавувам со ЉУБОВ:cool:
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
167
Поени од реакции
135
Отиде у неповрат и современата уметност.

Не, не сте уметници ако ве ебе пола стотројка.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ех, сум трчал јас по возови, кои, тогаш кога ги бркаш, баш за инает се точни, како никогаш претходно...
И после тоа сум се пцуел себеси и нарекувал со сите лоши имиња што ќе ми текнеле во тој момент.
Оти ич не ги сакам станиците. Нормално, постојат само како договорено место на поаѓање... или пристигнување.
Гадно е ако треба да „престојуваш“ таму. Има нешто... тажно... во тоа, да останеш на станица: си заминал, ама не си отишол, си тргнал, ама не си стигнал... ни ваму - ни таму.
Замрзнато време...

 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
пун ранец нелегални срања, одам до зегин сабајлечки, спремен да уништувам. Чао Драга <3
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Драга,

Тренирам толеранција. И одлично ми оди. Вечерва можеби толерирав доволно за наредни 6 месеци. Што би требало да значи дека од утре не трпам никого и се што ќе ми биде на ум ќе ми биде и на јазик !

 
B

BrunoFresh

Гостин
Драга,

ми текна случка од кога бев средно образование. Често пати кога бев прва смена, знаев да закаснам бидејќи сум се успал послем долгите вечери во кои неможев да заспијам до 04:00 часот, а сепак требаше да станувм во 06:00. Секогаш бев мамурен, ненаспан, замижан итн. Одев лагано и полека, мозoкот ми зборуваше да побрзам, но изнемоштените нозе кои не биле одморени со денови, ми го кажуваа спротивното. Но секогаш решавав да ги послушам моите нозе, па така секогаш и си каснев на првиот час, а некогаш дури и на првите два. На класната и докурчи да ме гледа така и валјда реши да примени друга опција со моите каснења на првите часови. Косата и се креваше кога ќе ме видеше закаснат и поспан. Слушнав од соучениците дека следното сабалје ќе присуствува на првиот час за да ме пречека и да види дали стварно ќе закаснам со обид да стори против мене нешто. Но јас повторно како и секогаш. И така тој ден, почнал првиот час, но мене ме немало на време. Поминале повеќе од 20 минути и сеуште ме немало. Соучениците се загрижиле за мене и почнале некои и да ме бараат по телефони за да ми кажат да побрзнам, но јас како и секоја вечер, го гасев телефонот бидејќи кај не спиев па уште телефон фалеше да ми заѕвони. Поминаа уште 20 минути, што всушност останале уште 5 минути од часот, а мене сеуште ме немаше. Класната здивела и пукала од нервоза. Цигарите ги вртела како леблебии. Наеднаш влегувам јас во училицната каде сите се џарат во мене како да сум убил човек. Ја гледам класната стои пред мене како џавол да стои. Послем неколку секунди размилување, ми текна дека тоа сабалје класната ќе дојде на првиот час за да ми одржи убава лекција ако закаснам. Само што го помислив тоа, класната дојде до мене, и ми се развика при што воедно и ме исплука од зборување:

"КАДЕ СИ ДОСЕГА ЏУБРЕ ЕДНО? НЕМОЖЕШ ЛИ ЕДНАШ БАРЕМ ДА ДОЈДЕШ НА ВРЕМЕ? ДО КОГА ЌЕ СЕ РАСПРАВАМ СО ТЕБЕ? ЗНАЕШ ЛИ КОЛКУ КАСНИШ?".

Јас само замавнав со раката на моето лице и си ги избришав плуканиците кои ми ги нанесе при викањето. Ги отворив очите на 3/4-ни, застанав мирно и спокојно и и` ја објаснав целата ситуација:

"Провесорке, си идам јас накај школово и туку едно време ме заболува нешто. Застанувам, се вртам назад, немаше ништо. Продолжувам, по 10минути повторно ме заболи нешто. Се вртам лево десно, пак немаше ништо и продолжив. По 10 минути повторно ме заболе нешто. Се вртам долу, ко гледам, к*ров ме заболел со сум закаснал на час."

Се шалам драга, не бев волку забеган, но истово се случи на мој другар од средно кој учеше во другиот клас кај овие машинциве за трактори нешто, ниви ова она. Но не траеше долго бидејќи веднаш го избркаа. Само сакав да споделам добра случка, па можеби некој слатко ќе се насмее пред да си легни :)

Поздрав,
слатки сништа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom