Колку и да се труди една личност за да задржи едно пријателство кое за него претставува еден скапоцен дар, колку и да мисли дека има најдобри пријатели еден ден ќе ги изгуби.
Колку и да е упорен, колку и да се труди, сепак еден ден нема да може да издржи.
Бев тука секогаш за вас. Секогаш!
Деноноќно секогаш тука за да ви помогнам.
Не јадев, не спиев само за да останам со вас до последниот момент, до последниот здив, плашејќи се дека можеби следното утро нема да можам да го дочекам.
Мразев кога на минута ќе се одалечевте од мене, а јас се правев дека не ми е важно.
Лажев дека сум личност без чуства за да не ја видите преголемата тага во мене.
Насмевката ми беше лек за сè. Но, беше предоцна и залудно за да ве вратам.
Вие бевте тие за кого се смеев и не дозволував да ве разочарам.
Ви ветив дека нема да дозволам да ве изгубам, но само за секунда нашето пријателство згасна. Зошто дозволив? Зошто?
Ќе ги чувам нашите неколку мали тајни кои нема да ги издадам.
Ги прифаќам сите ваши зборови кои излегуваат од вас.
Прифаќам дека сум правела лице. А сте се запрашале зошто?
Сте се запрашале ли?
Не сакав да ве изгубам!
Ќе поминат и ноќи и денови во кои плачот ќе ме теши, а надежта ќе биди пријателка по која ќе копнеам да не ја изгубам. Насмевката ќе ја ставам сеуште да стои на моето лице за да не видат сите дека онаа девојка која беше храбра и горда за момент се нашла на подот. Меѓу овие четири ѕида го чекам утрото што побрзо да дојде надеваќи се дека ќе се сетите на мене и ќе се запрашате како се чуствувам. Ја дочекувам ноќта знаејќи дека веќе ништо не ви значам. Дали е така, дали?
Да можам времето да го вратам за минута, би ви ги вратила нашите заеднички спомени!
Ќе ве сакам засекогаш и кога и да сте тажни сетете се на мене дека сум тука секогаш за вас.
Ви простувам знаејќи дека пак ќе ме повредите, но залудно е. Залудно е!
Сепак, животот продолжува понатаму, ја дочитувам старата страница вртејќи и застанувајќи на нова.