Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Еј Кеј...

Имав и сакав многу работи да кажам, да ги изморам прстите под тастатура, да ги наросам со пот...
Отворив notepad, отворив word и никако не успеав мислите од глава да ги пренесам (и сега спонтано би ми дошло на белата хартија, заради технологијава морам да речам) на бела површина.
И тоа е една од работите за кои имав многу да кажам. Ама ми заглавија во хаосот. Не знам дали не сакам или не можам да ги исфрлам од себе.

Би ви зборела јас за поучни нешта, би давала совети, би спознавала нешта, би тепала филозофии, би мудрувала.
И би ви кажала јас многу нешта, би ти кажала и тебе драга кајгано, јас, истата онаа што мрчеше за тоа колку е глупаво сопствените доживувања да се презентираат на јавен форум. Би ти кажала, ете ти пишувам сепак, ама не можам.

А сите луѓе на светот знаат дека никому ништо не можеш да му кажеш додека самиот преку лично искуство не го спознае, не го почувствува тоа. Додека не го запече ама онака јако, толку јако што ќе му остави лузна. Додека доживувањата на другите не ги осети ко свои, не ги одживее и не ги отстрада ко свои. Само така ќе ѕвонат зборови во глава. Ко шепот што непрестајно се повторува: ова боли, ова боли дури и физички, у пичку матер толку многу боли.

И би ти кажала за моите утописки идеи, за духовните и моралните вредности? Знаеш? Сè е некако прикриено вметнато меѓу прсти и меѓу метафори. Би зборела за тоа колку материјалните средства не се вредни, како треба да се има чувство за вистинските вредности и како тие треба да се почитуваат. Би ти кажала јас многу нешта... Ама ги изгубив негде попатно, негде меѓу седиштата на Струмица Експрес, меѓу Штип и Радовиш. На пат кон дома.

На крајот на краиштата, сакам да верувам во клишето. Во она дека времето лечи сè.

За среќа, бар Вртев е цар.

 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Eve me pak,eve me pak upagjam i bum.
Nemoj da ti se zgreselo, kako taka .. pu,pu skraja da e..
Inace sedenjeto na dva stola moze da bide fatalno i na krajot silno da tresnes od zemja.
Melanholicen nihilizam.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Со бившиот сум во релативно добри односи...Но потенцирам - сеуште ми е бивши...!
Зарем е правилно после све да помислам дека он стварно се променил...? Он се понаша како претходно ништо да не било меѓу нас, како сега да сме се запознале и еве се дружиме, излегуваме, се шетаме по сладолед итн...А го гледам фин, мирен, културен со мене...Све дури не го изнервирам нешто, дури не му го повредам џиновското его и суета...
Не ме напушта чувството за него дека е себичен манипулант...Поготово јако себичен кога се работи за емоции...Емоции...? -Филм којшто од него нема да го гледам...
И нели најдобро ќе е јас ова да соберам храброст и да му го кажам...? Значи све ова што го напишав тука...? Ама под услов, после тоа експресно да му се изгубам од пред очи зашто не сакам реакцијата да му ја видам...?
Се немам детално испитувано што точно јас осеќам према него...Но, само во едно сум сигурна...-Без него можам...Барем до сега беше така...Он мене не ме прави комплетна и исполнета...Во повеќе наврати до сега си го покажал правото лице...
А на нашиве прошетки последниов период, не обраќам многу внимание...Спонтано се случуваат...Не повредувам никој со тоа...Ниту лажам некој, ниту изневерувам некој...Ако не друго барем се амортизирани работите...А и како пријател е одличен...Дури и кога толку проѕирно глуми пријателство...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
1.170
Поени од реакции
2.635
ДК.
цел ден на работа ми одѕвонува еден дел од текст

They will not force us,
They will stop degrading us,
They will not control us,
We will be victorious
So come on


ова е се ради што имам ку*тон од шеф , уште по ку*тон од син му што ми е надлежен .
Ти како арна ?
иначе текстот на песната е од

ае биди ми поздравена :)
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Dear,
It's wonderful, wonderful life!
Знам, до сега цело време ти се жалев за нешто, но од денеска нема да биде така. :)
Среќна сум, имам семејство, луѓе што ги сакам и ме сакаат, другари, топол дом, храна, што уште ми фали? А секогаш знаев да најдам нешто, нешто ситно што ќе ме депримира и поради што ќе се сожалувам. Готово е, ставив крај со тоа.
Во животот има толку многу мали работи кои не усреќуваат, за кои вреди да се живее. И за нив ќе живеам.
На крај - краеви, не е тој единствениот. Можеби малку покасно се свестувам, но што да се прави, се случува и тоа, нели?
Зборот ми беше, не сум јас виновна за оваа одлука, напротив.
Конечно сфатив дека тој е тој којшто не сака да се смири со мене, по тоа што ми го кажуваат другите. Ако моето присуство го нервира, слободно нека оди каде што сака.
Само ми е жал за мене. Што потрошив 2 години од најубавиот период во мојот живот надевајќи се за нешто што никогаш не ни било двострано. Секогаш постоев само јас... и надежта...
Реков веќе, нема тажни зборови, ниту сеќавања. Од денеска вртам нов лист, впрочем не, нека биде нова тетратка, потребно ми е.
Се слушаме наскоро мила, остани ми со здравје. ;)
 
П

Пепси_

Гостин
пробај да пиеш директно од полно бокле вода..... :cautious:
....е неее....плус незнам што е финтата со двете сламки.....
а и од заебанција се тагнав т.е. повеќе од инает.....
од толку инает и заебанција може и дете ќе испадне некогаш..... :icon_lol: :facepalm:
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Кајгич,
Моментот кога на женско и објаснуваш пола саат кој е наредниот чекор на нашата кошаркарска репрезентација...Priceless
 

АнаКаренина

Muy Tranquilo
Член од
30 јуни 2012
Мислења
104
Поени од реакции
228
Crush a bit, little bit, roll it up, take a hit, feelin' it, feelin' light, 2 am, summer night.
Blinded by the lights. Така се осеќам бе.

Се одјавувам сеа, или можда не. Море ќе шетам по темине во подфорум Музика, може ќе си најдам некој мелем за душичкава.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Ti teknuva na planot moj, vo 6 da stanuvam sekoj den, da sedam na terasa, kafe da pijam?? :D
Mi uspea ednas, 2 dena :D
Horray! :D
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.997
Поени од реакции
12.577
Хеј,
Многу ми се смешни машките кои мислат дека сите девојки не се разбираат од спорт. Види, јас некоаш сум била солидарна, сум рекла дека не разбирам како одат квалификациите, кој оди понатаму, кој испаѓа, што е офсајд или што значи бонусот во кошарка само за да му дадам шанса на дотичниот да се осеќа надмоќно во некое поле ( пошо нели сите останати теми ги владеам беспрекорно :pipi: , а би било многу awkward ако почне да ми прави муабет за најновите трендови следната зима .) Ама некоаш толку катстрофални грешки сум слушнала, и сакам да речам во моментот Wrong bitch! , ама па си викам ај биди културна. Па одам одоколу, во стил абе јас прочитав некаде дека е инаку, ова она. Ама па уште те убедуваат дека е така. Е тој момент е priceless.

Иначе нишо ново, заработив некоја пара и за два дена морам да потрошам се. Утре многу стресен ден, ама види се тешам дека утре ова време ќе е готово. Еј и боја фатив. Аку викав дек ќе останам без боја до крај на август, испадна инаку. Ем боја ем пари ќе си имам хехе. Еј и знајш шо дознав. Дека Armin Van Buuren значело Армин од комшине. Се изнасмеав. Август кај Армин од комшине ќе се журкаме. Не можам смешно ми е многу. Едвај чекам да си легнам за да станам сабајле и нескафе ладно да си напрам. Жими се.
Ај создравје. Еј, и уш нешо. YOLO.:cool:
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Драга,

Ја гледам пресконференцијата на батињата од CERN и уште не можам да верувам какви прашања поставуваат новинарите.
Како што рече Фабиола, нема да се смени стандардниот модел, туку ќе се надополни, нема големо влијание на нас смртниците. :)

Иначе нема ништо ново, се викам Хари и ќе ме нема некое време.
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
зошто продолжува да ми збори кога гледа дека не сум заинтересирана за муабетот? Значи, ја гледам омилената серија, немам потреба од мултитаскинг (тоа што ме мрзи е друга работа) и не сакам никој да ме вознемирува. Едноставно, нели? :)
Инаку, деновиве пак почнав да ја гледам серијата и покрај тоа што не сакам серии затоа што ме замараат и сум нестрплива за крајот, ама оваа ми е баш фина. Што од приказната, што од убави лица, што од стилот и шармот... се на се е супер. :) Има нешто во стилот од ’30тите и ’60тите години на минатиот век. :)
Не дека на некој друг би му се свиѓала, ама мојот вкус е таков.

Минатото е минато со причина и нема потреба од комплицирање, нели? :cautious:
Ова последново е само за да се потсетам на некои нешта и најважната работа за мене - лимитот. После се, сите си избираме начин на кој ќе бидеме среќни, а предложениот не е мој, па колку сака нека сум несреќна во моментов. :)
Well Драга, толку од мене, поздрав и еве ти една: :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom