Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.404
- Поени од реакции
- 5.957
Еј Кеј...
Имав и сакав многу работи да кажам, да ги изморам прстите под тастатура, да ги наросам со пот...
Отворив notepad, отворив word и никако не успеав мислите од глава да ги пренесам (и сега спонтано би ми дошло на белата хартија, заради технологијава морам да речам) на бела површина.
И тоа е една од работите за кои имав многу да кажам. Ама ми заглавија во хаосот. Не знам дали не сакам или не можам да ги исфрлам од себе.
Би ви зборела јас за поучни нешта, би давала совети, би спознавала нешта, би тепала филозофии, би мудрувала.
И би ви кажала јас многу нешта, би ти кажала и тебе драга кајгано, јас, истата онаа што мрчеше за тоа колку е глупаво сопствените доживувања да се презентираат на јавен форум. Би ти кажала, ете ти пишувам сепак, ама не можам.
А сите луѓе на светот знаат дека никому ништо не можеш да му кажеш додека самиот преку лично искуство не го спознае, не го почувствува тоа. Додека не го запече ама онака јако, толку јако што ќе му остави лузна. Додека доживувањата на другите не ги осети ко свои, не ги одживее и не ги отстрада ко свои. Само така ќе ѕвонат зборови во глава. Ко шепот што непрестајно се повторува: ова боли, ова боли дури и физички, у пичку матер толку многу боли.
И би ти кажала за моите утописки идеи, за духовните и моралните вредности? Знаеш? Сè е некако прикриено вметнато меѓу прсти и меѓу метафори. Би зборела за тоа колку материјалните средства не се вредни, како треба да се има чувство за вистинските вредности и како тие треба да се почитуваат. Би ти кажала јас многу нешта... Ама ги изгубив негде попатно, негде меѓу седиштата на Струмица Експрес, меѓу Штип и Радовиш. На пат кон дома.
На крајот на краиштата, сакам да верувам во клишето. Во она дека времето лечи сè.
За среќа, бар Вртев е цар.