Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
M

Moon Child

Гостин
Драга отсега имам нова клетва. Да даде Господ да одиш пасош да вадиш. Не ова што го има тука, го нема ни во Уганда. Дефинитивно неможе човек да отиде да си заврши некаква работа а да не се изнервира. Или тоа, или нема од прва да заврши, ќе се враќа неколку пати. Страшно!
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
срцке,

помина долго време откако не сум пишал,
па ај да те поздравам..


Enjoy..:drk:
 

Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562
Драга,

за сат и 20 минути почнува шоуто..
Живеев за овие моменти,многу сум среќен!
Никад нема да заборавам колку бев среќен во Септември кога освоивме 4 место кога го видов нашиот народ толку зближен,кога секој се радуваше за иста ствар,кога не беше битно дали некој е за СДСМ,ВМРО и остали срања..
Кога бевме СИЛНИ а бевме СИЛНИ зашто бевме сложни.. Ви благодарам момци што ми направивте да се осеќам посебно во тој момент.

Вечер само јако,
МАКЕДОНИЈА навива за ВАС!

Да чујам
ЗА КОГО!?!?!??!?!?!?!?


ЗА МАКЕДОНИЈААААААА!!! <3 <3 <3 <3
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Драга, денес станав во 5, трчав до 6, потоа бев на плажа, па играв фризби и skipping rocks (никогаш нема да го научам тоа чудо)
Поминав 4 дена без тебе, без фб и општо без сите. Похиперактивна во живот не сум била.
 
H

HITCH

Гостин
Драга,

се` што има по светов! Телевизијава е на шпански јазик, ама кога ги гледам си викам дека навистина има бетер од нас и се молам Грујо да не ја види, оти ќе не докусури... :place:

П.С. Има борба на петли. :pos: :pos: :pos: Нема поретардирани фаци од овие.
 
П

Пепси_

Гостин
кајг` џабе се надевам....можностите да биде се исти дека петелот ќе снесе јајца :notworthy:
 
L

Ligeia

Гостин
Драга...другарка ми не е нормална како ме изнасмеала уз муабет со нејзините ''мудрости'' морав да ги споделам :D
1.На младо прасе не се радувај,не знаеш каква свиња ќе стане.
2.Уште гаќите не ги соблекла,трудна ја направија.
3.Со деца на бања не се оди-сапунчето ќе ти го изедат!
На здравје нека ми е смеата. :D
Инаку немам компјутер Драга,ојде јабана го навадив со вода и цркна хардот ама од мобилниов те посетувам колку можам.Утре полагам wish me luck.Потоа...летото може да почне. :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Passed down to you....
Се ближи денот.

Часот де. Како сакаш кажи.

So says Saladin.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.412
Поени од реакции
16.677
Кајгано,
да не пишувам онаму, ама да знаеш дека не очекувам кошаркариве да заминат на Олимпијада. Не после ова што се деси вечерва.

Ај чао.

И да, не идам ни ја на одмор никаде летово.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.059
Поени од реакции
24.928
Ќе се доживее ли некогаш ова?:vozbud:


Да бидеш дел од такво нешто, меѓу цела таа еуфорија, атмосфера, колективно лудило, најблиското нешто до апсолутна среќа, апсолутна слобода. За ова се живее, ова ја прави целата смисла, за ова вреди да се жртвува многу, зошто ретко било што друго ќе те дигне на тоа ниво и ќе те напумпа со најчиста, најприродна кристална енергија без да ти земе ништо друго освен пари кои треба нас да ни слугуваат баш за вакви моменти.
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
К.
Јас пак ке ти пишам.
Не знам како се чувствувам-комбинација од напнатост, досада, нервоза и исчекување.
Читам погоре еден член има проблеми со нетот, јас сум бетер (не better!!). Ама што ако се жалам? Да не сменам случајно нешто? Секако дека не. Ај сум оптимист дека коа ке си дојдам за месец дена дома ке биде средено со нетот па ке се праам фраер и ја :)

Кајгич, the last countdown. Веќе сме 3ти Јули. 3 days left.
И уште не знам дали го направив вистинскиот избор...А во скора иднина нема ни да дознаам. Ке се знае негде во Март, Април. Да да, таман е, толку треба за да дознаам. Безвезе планови изглеа праам :)
Ај ке ти се пофалам, што се секираш :)
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Се мислам и се согласувам со себе, дека летово ќе се трудам да ја остварам дамнешната желба за една севкупна пелистерска турнеја: има да фатам од Лавци, на Неолица, па преку Скрково и Орлови Бари на Големо Езеро, кај шо е небото посеано со ѕвезди, има да се искапам стопати во тоа окото, па после до антена, па до Копанки, па Јоргов Камен... може и до Гопеш да се оди ако постои расположение, и за крај, the ultimate tour: Копанки - Брајчино....
пак ќе се вљубам во неа и таа во мене и после, и после.... ќе го прелетам и Преспанско, ќе ја допрам и Галичица и ќе нурнам во Охридско, како во мислите што си нурнува чоек, како во себе.... во мисливе од убаини, оти така оди тоа, времето запира и целиот простор (ако постои веќе) се исполнува - со љубов, со убави мисли, слободни мисли, јазици модри од боровинки и треперливи утроби - од убаини....

Каков план сум си стокмил..... ;)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Знаеш што? Јас сум ти како the Blitz (кој гледал How I Met Your Mother ќе му текне за што зборувам)... Прав блиц. А си отидам порано од некаде, нешто се дешава, а излезам од државава имаме спортски успеси и се процветува и сите се радуваат.
Мајку му, мислам дека ако отидам на Фиџи или евентуално Филипини, не само што ќе бидеме европски и светски прваци во сите спортови (освен фудбал, ипак не сум магионичар), туку и Олимписки злата во сите спортови ќе земеме, плус може и на некој меѓупланетарен натпревар да освоиме прво место, а голема е и веројатноста Грција да не признае под уставно име и да станеме 3 светска политичка сила. Ова не е могуЌе. Ама стварно не. Ми доаѓа да си пукнам од мака...
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Знаеш што? Јас сум ти како the Blitz (кој гледал How I Met Your Mother ќе му текне за што зборувам)... Прав блиц. А си отидам порано од некаде, нешто се дешава, а излезам од државава имаме спортски успеси и се процветува и сите се радуваат.
Мајку му, мислам дека ако отидам на Фиџи или евентуално Филипини, не само што ќе бидеме европски и светски прваци во сите спортови (освен фудбал, ипак не сум магионичар), туку и Олимписки злата во сите спортови ќе земеме, плус може и на некој меѓупланетарен натпревар да освоиме прво место, а голема е и веројатноста Грција да не признае под уставно име и да станеме 3 светска политичка сила. Ова не е могуЌе. Ама стварно не. Ми доаѓа да си пукнам од мака...
Oh, maaaaan...... :)
 

Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562
Драга,
еве ме пак у период од 4 саата.
Ќе бидам краток овој пат.
Како е МОЖНО тим со само 4 души над 2 метра да има повеќе офанзивни скокови (14) од нашиот?
Колку сум нервозен у пичку матер,ни муаабет не ми се прави.Е тоа е коа очекував превише ццццццц :mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom