Убаво викаат луѓето - не си ставај здрава нога у трн...Ама ова мене никако во глава да ми влезе и по не знам кој пат во животот го извлекувам подебелиот крај...
Решила некоја таму за прв пат во животот да отиде на одмор во Грција со маж и и децата, плус и пријатели да поведе со неа...И ем сака полуксузно и удобно, ем поефтино...И ти за да и излезеш во пресрет, резервираш апартмани за нив на местото кадешто идеш редовно со години, стапуваш во контакт со газдите, ги резервираш апартманите на твое име, при тоа гледаш да се еден до друг, воедно и цената да им е пристапна, ај да не речам смешна за такво место и во таква вила...И све им средуваш, на нивно барање секако, изиграваш туристички работник...И денес ми вика госпожата...-Абе ние и на едно друго место во Грција гледавме многу убави слики, ни се допадна многу...Не сме сигурни за ваму...
-Значи вака- се утепав од преговори да им резервирам 3 апартмана, еден до друг и тоа на мое име и по смешна цена...И сега со кој образ јас да се јавам кај газдите и да ја откажам резервацијата? По толку инсистирање од нивна страна за да идат ем на убаво ем на ефтино...Три пати ме прашуваа дали им е потврдена резервацијата...
Со кој образ сега јас за мене да резервирам, за на крај на август како што планирам да идам...???
По толку години идење таму(плус и роднини мои идат) сега ваква брука да трпам? Или мислат овие, ова Охрид е или Дојран па ќе се заебаваат како сакаат...??? Не се соби туку цели апартмани со две тераси, кујни, купатила, спални и тоа на атрактивно место...Тешко мене сега кој срам ќе го кркам заради вакви смдрлевци, кои од носот не знаат подалеку во животот...
Кој е крив најмногу? -ЈАС!!!
За ваквите ликови мислењето скроз го сменив...Доволно ми беше ова за ги видам какви се...И подалеку од вакви ниски појави...