Неможам да заспијам. Утре полагам али ме заболе за тоа.
Ти решавам некои животни полемики, длабоки философски монолози.
Сум заспал на пола сат и се разбудив целиот испотен. Напнат сум.
Кој ќе станва сабајле еј. Сеа правев планови за иднината и ама баш не ми изглеа слатка.
Нејќам да останам тука, нејќам да останаа во оваа куќа. Шо викаш да најдам работа странство 3 месеци, сам ќе си платам превоз.
Ќе завршам факултет и пак ќе му ја летнам.
Сфатив дека нејќам да се женам и нејќам да имам деца. Зошто ? Од страв. Ме рока параноја.
Што ако имам ќерка и не ја воспитам доволно добро ? Што ако стане некоја шмизла, пуфла, курвештија ?
Ќе шетам бе по цел свет и ќе правам деца. Да, немам совест, ни свест.
Во иднина ќе биде многу потешко да ги внесеш нормите и културата во своите деца, да ги едуцираш правилно.
И просто е. Ако не си спремен за брак и деца, не ни ги прави тие работи. И така животот е досадна работа. Уфф морам да го исфрлам гневот.
Се раѓаш, растиш и се развиваш. Посетуваш школо, средно, факултет. Работа, кола, стан, жена, деца. Одиш во пензија и на крај умираш. Измеѓу ќе се израдуваш на банални работи, но поголемиот дел од животот ќе го поминиш во нервози и обид да ги исплатиш борчовите и кредити, не знаејќи дека самите пари се создадени од борч. Модерен вид на ропство, парите.
Мене ова не ми изгледа на слобода, ова не е смислата на животот. Леееј кој хипик еј.
Али стварно. Глобални монетарни фондови, банки, Илуминати, масони, корпорации, нафта, војна, нуклеарно оружје, пари ..
Зошто еден да гладува, а друг да не си ги знај парите ? Зошто постојат пари воопшто. За кој кур ми е технолошкиот и индустриски напредок ?
Не секоја револуција е правилна и добар избор.
Кога ќе размислам, ни секоја еволуција не е добра. Ние сме чист пример за тоа.
Замисли, една планета во еден бескраен универзум чија цел е да се шири и постепено да уништува дел од себе. Така и ние ќе завршиме.
Па побогу, тие зели се замараат со небитни работи, пари,пари,пари .. И што ако владееш со целата Земја ? Курот мој. И ти ќе цркниш еден ден и шо.
Тоа сме ние. Се раѓаш и умираш кружејќи.
Не ми треба квантна физика, не ми треба хемија, не ми треба Биологија.
Само погледни ги дрвјата и ќе видиш како фунционираме. Си скинал лист, друг ќе порасни.
Си скинал конци, друг ќе се роди.
И после зошто интелектуална способност и еволуција до состојба да бидеш свесен за себе ? Шо знам бе брат, можи пушеле тревки нашите предци и им се отвориле чакрите, ги швркнала тревката, ги сјебала и толку треба. Знајш тогаш чиста мајка природа, ни прсканици ни ништо.
Абе грешка сме на мајката природа. Љубовта е чист пример. Сите тежнемее кон тоа, а не сфаќаме колку не повредува само.
Мене не ми е убо шо боли и ако е правилото такво дека треба да боли, не ја играм веќе таа игра.
Од еден обичен вирус, грешка во организмот стана највлијателната работа кај човекот.
А, нашата првична намена е да се размножуваме и ништо друго. Тоа пеперутките во стомакот се вирусот, делува.
И се до денот кога ќе се угасни Сонцето и ќе пропадниме во темнините на Универзумот, усмртени од нашата мајка, во прегратка на нашиот татко.
Е кај ви се тогаш парите да ве видам ? А ?
И тоа комерцијализацијата кое срање е еј. Уствари зависта кај човекот е поголемо срање и најголем виновник за толкавиот напредок на човечката раса. Иако ние самите не знаеме колкав е напредокот, пошо се се крие. Да се обединат сите сили на планетава, сите неодговорени прашања веќе ќе ни беа кристално јасно. Али парата бе брат, доминацијата. Ај ова со доминацијата би го поддржал во гените ни е. Уште сме животни. Марионети на големите корпорации. Можеш ли да ми кажиш кој кур е Кока-Колата ? Си било некое време, во некоја година, во една скандинавска земја и луѓето во глобала биле ок, во повидок е индустриската развиеност на земјата.
Слики во глата од филмот со Шерлок Холмс.
Веќе се менува играта и големите умови тежнеат кон докажување и нахранување на своето его.
Жените трчаат кон славата и парите. Мајките не ги даваат за обичната средна класа.
И така еден ум се разработил ко мојот вечерва и измислил пијалок наречен кока-кола.
Имало голем успех и човеков се здобил со светска слава. Се јавила љубомора, ЗАВИСТ.
И така почнале другите луѓе да измислуваат свои срања, за да прават пари и да бидат славни.
Е 90% од тоа срање воопшто не ни е познато.. Ај кажи за кој кур ми се 200 видови на црн, газиран сок. Зошто ми е воопшто сок ?
200 видови чоколадо со лешник ? Зарем не е доволна една марка ? Уствари шо ќе ми е чоколадо.
Итн.
Овие СОПА и АКТА законите требало тогаш да ги измислат, па сега ќе имавме по еден вид од се ии ќе придонесеше кон нашата рамноправност. За тоа се бориме, нели ?
Ае сеа за корпорациите малце. На секој начин пробува да го зголеми својот профит, не битно дали ќе му наштети на некого. Па затоа става кокаин во пијалокот, сублиминални пораки во сите емисии, индиреткно е учесник во започнување на војните во светот и др.
А за САД да не почнувам, почнува да ме боли левото рамо.
Вчера ме убија, се преродив.
Сабајле полагам Социологија.
Која будала сум шо се замара со овие работи, место да си рокам турбофолк на фејсбук.