Секоја чест за тој мајстор на илузијата кој успеал да му вбризга на закрепостениот селанец во 21 век чувство дека прави нешто битно. Го облекува во костум, го парфимира, го затвора во соба два на два, му ја закачува дипломата на ѕид и го опсипува со томови врз томови од туѓи проблеми и кредитни, имотни and/or insert capitalistic bullshit here папочни врвци.
Работиш за викенди. Работиш за празници. Компензираш фиктивен-колективен недостаток заради туѓа немарност. Лижеш газ на инспектор и го носиш на прасешко за биде фин во извештајот.
Секогаш си подреден и потчинет на околностите кои безмилосно го ставаат твојот "професионален" живот на пиедестал, секогаш пред твоите желби и интереси надвор од работата.
Исклучок(не од правилото, туку од интерпретацијата на ропството) се оние меѓу нас кои се подложни на илузијата и лесно потпаѓаат под притисокот, се фаќаат на мамецот кој го компензира нивниот интегритет и нивната de facto слобода со поими како статус и функција, па некаде попатно целосно се интегрираат во мајндфрејмот на конформистичката машинерија и учат вистински да ја сакаат, за потоа да ја промовираат како нешто благородно. Да не живеев во општество кое сеуште страда од религиозни зилоти, овие испрани бескичмењаци ќе ми беа првата мета за плукање.
Драга Кајгана, ти како waste disposal на секакви фрустрации, сигурно веќе однапред знаеш(како што Мојсеј знаел) зошто овој rant (и секој друг) би го пишувал овде. А го пишувам затоа што сум во кризната група која фанатично ја плукам. Упорно ме чека таа фотелја и тие томови врз томови туѓи проблеми. Сонувам како костими ме бркаат по темни улици и како вратоврска ми се врти околу вратот како змија и ме беси на некоја топола. Сонувам како разговарам со Панде од Смрдејци кој сака да ја тужи неговата сопруга за која тврди дека била курва. Страшни, ооооо страшни соништа, Драга Кајгана. Ги гледам моите страшни соништа и во реалноста. Мојата омилена хипи асистентка станала тешка шмизљотина после докторатот. Има диплома, има статус, има далеку поголем авторитет.... и има мала, одвај забележителна грбка. Изгледа во грбката и отишле сите разговори кои сме ги имале за деполитизација и либерализација на општеството. Сега е џиџит нова вмровка со тапија.
I shall postpone madam Career as much as i can. And i know that, in time, i too will fall.
Сега не е тоа време. Затоа, денес не одам на факултет.
И наредната недела не одам. За понаредната, ќе размислам. Ќе одам ако сакам.
Сега ќе го гледам Office Space по шитнаесетти пат.