Ќе звучам малтене збркано, без ред и со доза халуцинација, а во суштина се си има смисла. Нејсе воведот, и онака увек го шминкав на писмени да биде театрален. Што ќе ми сега тоа, не ми дише оценка на врат.
So Here We Go...
На некои луѓе животов требало да им се смилува со уште некој ден овде, уште некој здив, уште подобро со уште некоја година. Интересно како нечие постоење за кое до пред некое време не си ни бил свесен, може да те натера да си го ставиш прстот на чело и да почнеш да размислуваш за работи за кои додека си мал ти се чинат престрашни, а кога си голем уште повеќе.
Маленкост, големкост, грев или шприцер. Уште еден ден, месец, година?
Сериозно. Нечии денови не треба да застанат. И онака овој свет е опериран од креативност и тоне во блескави светла. Премногу фрустрации, премногу фрлени камења, сите се невини, а сите се перат. Кога светов стана толку отровен и стекна бизарни навики? Како молња ќе мине некој со доволно самосвесност да донесе свеж воздух и за момент ќе го снема. Толку. Нечија креативност нема рок на траење, нема простор да ја скриеш. Потиснувај ја колку сакаш ќе исплива. Тука е како потсетник.
Чисто да те потсети. Hey you are alive, and I'm not, so why are you whining about?
Тек тогаш својот сон добива уште помало значење. Зашто ретко што и да има значење. Соочувањето со сам себе и себесмртноста не ти носи мотив за исполнување на сите соништа, туку ако вистински си ја сфатиш работата носи ослободување од секаков сон. Што ќе ти го. Имаш реалност. Па после неа се останато.
Don't be like the one who made me so old
Don't be like the one who left behind his name
'Cause they're waiting for you like I waited for mine
And nobody ever came...