Кајгич вчера едно слатко палаво три годишно суштество со вселенски плави локни и сини очиња ми беше на гости... По милионите прашања " и после, и после и после" , по милионите пати пеења на Сини очи има Јана кај шо ја ја глумам Сара а слаткото детуле Владо Јаневски, по милионите обиди да ги дофати ѕвездите и да касне од месечината оти и личела на сладолед, по милионите обиди за тероризирање на цивилните локални меченца и мајмуни играчки ( кај едното од мечињата денес забележувам блага шизофренија), по милионите обиди за киднапирања на цвеќињата во дворот и го пуштив мечето Ушко за да порасти уште некој сантим и слатко да нана.
П.с 01 по полноќ. Мечето ушко хипнотизирачки делува на мене , ко тешка лсд дрога која ме фрла директ у длабок сон. И тогаш кога мислев да и додам цели парчиња овошја на месечината и лакомо да ја изедам се појавија чудовишни Финци и ми ја изедоа Месечината. Hard rock aleluja, hard rock alelujaaaaaaaaaaaaaaaaa... Компјутерот ечи,малата пјева, а јас станувам од сон ко попарен. Штракајќи низ компјутерот ги нашла (случајно) нејзините омилени Лорди. И да Малата секако дека мисли оти Мечето ушко е комунистички фраер кој не е доволен уметник за да и ги покаже убавините на сонот. Значи да заклучам мене ме заспа мечето Ушко неа не. Днешниве деца се вистински виртуози...