Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Ми се јаде. Нема кој да ми направи за јадење. Forever alone.
 
Кајгано бе зошто цел живот донесувам погрешни одлуки?
Зошто никако не можам да се оправам?
Зошто мора секогаш нешто да фали?
Зошто мора кога барем за миг ќе се почуствувам среќна, потоа да ми биде толку тешко?
Ќе полудам, еј не се зезам озбилна сум.
Ама ако ми е, сама сум крива, се од своја глава како што рекол некој.
 
Еј ми скурчи и од работа, и од тинекс, и од автобуси, и од тафталиџе..... Живеам за тој 1 слободен ден шо го иам неделно, и ко ќе дојде незнам што попрво да напраам :pos:
И најтрагично е што викенд не памтам кога сум имал слободен..... не можам ко чоек да излезам.
Муки мои... :D
 
Станаааааааав тетка:vozbud: Да добив внука.Сонце малечко тоа прекрасна е:love: Ми го разубави денов,уствари ноќва.Епа добре дојде миличка.Само немој да бидеш како тетка ти тврдоглава :P
 
Кајгич, пијан сум! И знаеш шо, убаво ми е!Пиво и текила yes.​


Па дал е могуче срцево да ми игра на ваја песна ( није могуче). Ееее ја као демек андерграунд али шо сме правеле да знаеш на ваја песМа со една напалена Кратовка - не знаеш ( али то Кајгич студентарија ко бевме). И уше нешо да ти кажам денес по тоа кафаната ни судија ни мудија, ни енац ни офсајд. Па ти ни самата не си ма свесна Кајгич колку цури ми идеа со грудима клизачи. Шо ја тука шо сум да трпам нечии грудима со набрекнати брадавици а? Се заљубив Кајгич ама онака само ерективно . Лижев Беровка, ама температурата на топење на Беровчанката остана енигма. И знаеш шо у 6 саат да ме разбудиш оти сум на работа и то до 5. Лесно ти е тебе со модератори низаедни и уредници на забавна програма ( да радиш 24/7) али ја како инжинер кој флертува со текила и Беровчанки утре на шефот со три швалерки можам само да му ја испеам песМава​


П.с Си ибаа мајка и Боб Марли и Лед Цепелин и Рамштајн и све. Тури му пепел.​
 
Не знам како да ти се обратам, ДК, Кајги, Драга Кајгана, ама штом решив да ти се обратам претпоставувам не е ни битно, па нека биде само Драга...
Вечерва беше незаборавна, Иако морав да исчистам повраќаници од Столе, ама ни тоа не ми пречеше, па и јас забегав малку:X3:Тоа е тоа, се случува. И така сега ќе си легнам , полна со импресии, чувства и мало разочарување од човечкиот род(ништо ново).
 
Коооооооонечно и кај мене да светне медалов.
MmZz.gif

Неам више проклети мисии!
Епа чао.
 
Тест кај Мето и кај Џоле одма после екскурзија.
 
Iskazhuvam emocii: >.< !
Tolku.

p.s. DarkKing, pishi si podolg post, da ja razubavish temava, mnogu sme kreteni site, po dva zbora -.-
<3 ( :
 
Ме бараше некој?

Што да кажам. Деновиве сум слабо прибран дома, освен кога не сум. Како денес.
Ај да почнам со тоа што е онака хит деновиве во сите градови и други помали населени места, без исклучок. На пописот ме запишаа дека сум привремен становник во станов а се запишав по религија дека сум Џедај. Мајка ми не ги криеше горките солзи дур ја правеше манџата а татко ми ме нарече антихрист и секоја вечер спијам со страв дека ќе ми прави егзорцизам. Треба да се чувствувам горд што ме стави во круг со такви познати личности како Аце наш, Наполеон и Хитлер.
Денес на факултет имав доста интригантен настан. 5 саати предавање со една пауза од 15 минути, точна на средина од нив. Најинтересно во сето тоа, беше предавањето. При такви судни маки, нашиот драг и почитуван професор, од друга катедра, од друг факултет а очигледно и други психички склоп, предаваше за КОЛЕКТИВНО САМОУБИСТВО! Фала професоре, што успеавте да ги почувствуваме маките на тие што колективно посегнале по својот живот, точно пред да го направат тој грев. Друг значаен момент е кога раскажуваше како некој секташ го сретнал на кеј и му рекол дека може за 1 недела да направи да прекине да пуши, ако се приклучи на сектата. Чудно, професорот не држеше 2 и пол саати без пауза и немаше низ знак дека има потреба од цигара...
Умре Стив Џоб. Искрено, неам ниту еден производ од Apple (а и секад прстиве ми се потиспотени па не верувам дека би издржале тие нежни, тачабилни производи во моиве раце) ама ми е криво што иде човекот кој го формираше Pixar. Кој гледа од новиве цртани - знае за што мислам.
Милан. Ах Милане. Срна, Седорф, Погребњак, Тирам, шта ми радиш човечееее!!!
Форумов онака. Еден што се мисли дека е избраниот, ми нуди сексуални услуги (плус сака да игра рол-плеј па се уфилмува дека е вработен во ментална институција) на профил ама го има утнато профилот. Ваљда и институцијата.
Тука пишувам дел кој не верувам дека многу луѓе ќе го прочитаат па еве ја користам приликата да ги поздравам сите мои фанови кои го читаат овој дел. Секс. Сеа веројатно сите ќе го прочитаат овој дел, зашто овој збор ептен фаќа на очи кога ќе го видиш во поголем текст.
Се осеќам супер периодов, оздравев конечно од настинката, на факултет сум апсолвент со надеж за завршување во рок, Фемина редакцијата сигурно би ме ставиле у омилените мажи ако ми го дознаат љубовниот живот. Само со пари сум малце краток али нема везе и така сум краток у висина.

Поздраф4е.
 
Драга,
Љубовен статус : Зафатена со книгата .. :)) ^^

како беше можно све да се скренати на факултетон??!! Од професор до колега.....

Но да бидам искрена професорите се повеќе ПОТРЕСЕНИ!!!! Многу учење не е на арно, убаво рекле луѓето : учињето дава знање но не и ПАМЕТТ!!!

Најтрагичното за 1 недела колоквиумска недела а мене не ми текнува да си ја загреам столицата o_O
Ќе попаѓам на сите или да ?! -.-
Шала настрана од вечерва почнувам ТУРБООО!!!!! (:


Се надевам :Р
 
Кајги,
Смачено ми е од се, многу сакам да работам и да купам стан да одам некаде подалеку од моиве.Сакам да живеам сама и да имам некое милениче, хрчак, куче или зајче. Знам дека тоа не е можно, и мислам дека никогаш нема сама да живеам:( освен ако не ја напуштам земјава, ах ни тоа не можам:( Знам многу се жалам, ама стварно ми треба промена.Се надевам на подобро утре, знаеш дека не сум песимист.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom