Драга,
имав огромно разочарување од лошата проценка на некои личности кои мислев дека ми се ,, пријатели ,,. За тие ,, пријатели ,, си помислив: ,, Конечно имам некоку да му кажам нешто, кој ќе ме сослуша и ќе има разбирање за мене,, . Но, тоа е златно правило за сите дeка било која личност не се проценува веднаш. Не секогаш можеш некои работи да му ги кажеш на некому. Затоа секогаш не се избрзува со работите кои ги кажувате ако знаете дека во иднина тие ќе бидат злоупотребувани против вас! Тоа му доаѓа како сам да си фрлаш камења на себе. Но, како и да е вистинскиот пријател поминува покрај се и треба да има разбирање буквално за се. Никој не би коментирал, доколку не би му дале одредена причина за тоа. Коментарите постојат, различните луѓе и карактери постојат, пријателите постојат... Животот носи најразлични разочарувања, само треба правилно и мудро да извлечеш поука за нештата кои не би сакале да ни се повторат. Но, како и да е радујте му се на животот и на секој изминат ден и очекувајте го следниот како нов предизвик. Едноставно кажано делата кои ги правите за себе и за тие околу вас само ќе кажат каква личност сте вие всушност!!!!