bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Катран има на ѕидот, смола препарат што се користи за паркет, можеш да го замислиш тоа, јас пробувам. Од денешна перспектива да земам да му објаснувам на некого зошто има катран на ѕидот несфатливо ќе му изгледа. Некогаш некои луѓе се имаат пентерено преку ѕид за бесплатно да гледаат натпревар и да се спречи сето тоа пред секој поважен фудбалски меч катран се има турано по ѕидот. Ги допрев камењата покриени со одамна исушениот катран тоа место свеќа да запалам, стариот ѕид се протега гордо позади грмушки и дрвја.....