Драга Кајги,
Конечно завршија летните свадби, сега смирено ќе ја дочекаме есента, за кога има најава за 2 свадби, 3 крштевки и 2 принови.
Сите песни и ора ги повторив, а тие што не ги знаев ги научив!
Чудесии... Ејми скинала конци у саботата, а јас дознав дури сега...
Не дека се чувствувам нешто неинформирано, само, цело време се чудев што им стана на људиве што објавуваат некакви информации за неа, а пред нецел месец се убија од плукање по ликот и делото на Ејми, а тоа јас да сум ти била неинформисана... Ај, да не се лажеме и јас плукав по неа, а и како би се воздржала кога за толку време на концертот не успеа да испее ниту 1 единствена песна...
Убаво ми викаа да си ја земам колата, па на јахтичката како останатиот нормален свет со пиење и мезе да си ја слушам како вие, ама јас се правев важна, па останав само Важна ВД, која патем многу недостасува на форумов. Знам како е да изгубиш некој близок, ама за оваа ниту мајка и не се вознемири, туку и било прашање на време кога ќе умре. Па, дури сега се кае што ја натерала да се откаже од алкохолот и дрогата, оти, наводно, од наглиот прекин на консумирање алкохол дошло до стрес на телото и од криза ја стегнало срце... Оваа приказна има и наравоучение, пијте алкохол и дрогирајте се, ама никако немојте да решите да се откажете, оти може да ве стегне срце за капка алкохол или за трошка дрога, па да завршите `ко Ејми. `Ко да си знаела Ејми што ја чека на рехабилитација, па им викаше: „не одам, па не одам“. Како и беа запнати сите: „оди, та оди“, а неа никако не
ѝ се одело и баш кога реши да ги послуша и кога отиде...
Ова се вика
пу, да ти ибам руката, да ти ибам..
Шала на страна, ми починаа многу драги луѓе, па цело време низ глава ми се мота само едно прашање: Колку ли треба да ти биде заебан животот за и сопствената мајка да ја очекува твојата смрт?!