Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
S

Shimamoto-San

Гостин
Dying is not scary, it's almost like we've been prepared for it our whole lives..
помина веќе цел месец, но ништо не е исто како порано.
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
е Драга драга

баксуз невиден сум значи...
ко че тргни надолу не запира
ме фатија на препис на факсов мој цццц
за се има прв пат и то шубо в ракав ливчето и не знам шо џаол ме дупна в рака да го држам
и ОП......колега шо држиш в рака???
шо да се прај за летово бе луѓе кажувајте
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче,
Another disappointment comes behind the corner... Баш кога мислев дека завршени се тие работи, животот повторно ме враќа наназад и ме потсетува дека не можам да го имам она што го сакам, па дури и да е најпростата работа на светот.И после ова јас пак да гледам оптимистички?Како?Како после све што се исподеси деновиве...
Дефинитивно ми треба пауза, од се и од сите... Само кога ќе соберам доволно храброст за да го напраам тоа..?
Meh, i'm feelin' like a crap.I need some air.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Мани плочки алуминумска ограда и пристап за инвалиди, фрижидер и тишина неколку секунди. Кога ниште не е надвор нешто сигурно не е ни внатра тоа нешто нешто туку е ништо. Мир скпокој хармонија жешко сонце, зборови кои излегуваат од моја уста без намера да ги изговорам, машинерија механизам тоа не сум јас тоа е некој што ме глуми и ужива во досада. Еј здраво, и одговорив со здраво, не ја видов од блескавото попладневно сонце братучеда ми од Велес, а и онака симисли дека ја избегнувам што има да се објаснувам што како.
Очи во очи само диши Кој прв трепне тој губи, а мое да се погрижам тоа да не бидам јас....

 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
мила....

....22 јуни. Денес ке уживам во најдолгиот ден и најкратката ноќ во годината.
Планирав да одам да пливам, ама не можам да се освестам доволно рано, па затоа ке правам нешто друго...
Ќе јадам сладолед:p И најверојатно ќе одам да си ја гушнам внукичката!!!!
А ти драг пријателу не седи дома пред компјутер, доста ме читаш, стани и искористи го секој момент од твојот живот на вистински начин.

п.с А тебе Господине не си свесен колку сум ти лута...се надевам ке дојдеш утре...

Ајт!
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Научив да местам и стругам паркет :). Не дека е некоја вештина ама ќеиф ми е ако треба некогаш некое делче да сменам нема да морам да викам мајстор за ситница а освен тоа кога сам ќе си направиш нешто по дома си има и посебен шмек :).
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Драга..
Еве ме пак по кузнај кој пат, влегувам на добош ко да не се чувствувам добро, ко да барам утеха во дождот, а веќе не е болно кога врне не ме боли кога грбот ќе е свртен, сонот скршен, а кога губиш човек тогаш живот прави да се мрднеш. Кога земаш се при срце, а пуно е ќе прсне, ставот цврст е, а светов уште грд е. И пак презир а пак не спијам, прави да се претворам во големата депресија. И никој не го боли за нас, никој не го боли дека живеам во полупразен стан, ван план пишувам музика што ќе ја памтат а текст било она што го сакам, се надевам ќе сфатат за чувството, се прашувам какви ли се очите на луѓето !?! Кога бликаат во завист, со очи празни во болка тажни кријат и љубомора, па го кријат тоа што го мислат,а нема никад да го зборат. Се вон контрола па омразата ја водат кога некој луѓе само очи бодат, па затвори ги од мисли да се ослободат. Пак отвори ги во нова борба и виде порок проба роба, тогаш очите ти беа точка, а очите на луѓето бараат да им простат, бараат прочка, очите на луѓето се темни како ноќта. Дај им го светот, дај им го цело небо, дај им го цел живот уште еднаш од почеток да бидам сведок на овој пекол, на тие ноќи дека нема ништо потешко од тие очи. Гледаат сиво, па сакаат се повеќе од овој живот, гледаат во други очи идол, бараат стално, се повеќе материјално, дај им го светот и се во него. Само убавите работи па не го сакаат бедот, кога виделе смрт, виделе беда, виделе како им претат,како среќата им бега како губат верба во вера вечна. Успехот на другите е пречка, успехот на другите го нејќат, а успехот ги пуни со среќа. Ако си доле, тогаш надоле те влечат, надоле во сенка каде светлата не светат. Без успех светот како пуст е уште со толку многу билиони луѓе. Основно сите го бркаат сонот, пословно, домот на место последно, се губи осетот кога тонеш сам во двоседот, кој е непријателот запамти го во мисли, но пази се од ударите ниски,подли, исто боли, па не се сите исто добри. Те гледаат со убиство во очи блиски твој, кој се кој види свесно. Погледи демнат од детство ко Менсон, ваљда не е се така темно на светот, не гледај бледо дека така се се урива, а само очите ја кројат твојата судбина. Дај им го светот, дај им го цело небо, дај им го цел живот уште еднаш од почеток да бидам сведок на овој пекол, на тие ноќи дека нема ништо потешко од тие очи. Дај им го светот, дај им го цело небо, дај им го цел живот уште еднаш од почеток да бидам сведок на овој пекол, на тие ноќи дај ми само уште еден ден на мојте очи...
Буквално..
 

• Tαммι •

Гостин
Кајг,
Зашо има психопатки во Македонијава ќе ми објасниш??????? Цел ден се замарам со дрољи и идиотки (извинете на израз) таман демек се среди се они праат психо работи.....ааааа ќе ги запалам еј ...не знаеш колку сум нервозна..ме вадат од такт вакви луѓе :mad: ќе ме извадат од кожа па ќе им запалам се најмило :mad::mad: Во живот не сум била толку исполнета со гнев и желба да запалам некој :mad::mad::mad::mad:
 
T

theTinule

Гостин
Жими се, понекад ми се иде да и мавнам таков бокс, од земја да не стане.

Ауу, почнале луѓево да ги пукаат летни депресии.
Епа си го баравте. Глупаци.
Мене ми е топ, само шо така...сакам да тепам луѓе.
Топ е тоа. Не ми се плаче. Најбоље е ! :D
Убао да си поминам на Jamiroquai.
Иам плускавци по нозеве нешо. xD

Не за џабе ја у парк искачам, да неам пускавци. Јака им душа на срцкиве у ХардКор.
Аe отидов да се туширам, многу ми е топљо.
муа *:
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Драга кајгана,денес станав и веднаш помислив на моите планови во иднина.Кои 90 проценти ќе бидат готови,ако се биде како што треба со администрацијава и селјаците во неа.Само те вртат од круг во круг.Но тоа е нашата реалност никогаш нема да се опоравиме.Баш поминав од Гоце Делчев мостот и го видов „нашиот“ Александар со Букефал,се тоа е добро но парите да се инвестираа во нешто што е трајно.Знам дека уште кога ќе почнам првиот месец со сигурност инспекција ќе дојде и како јас одговорен за тоа ќе морам да се справам со тие глупости што ги бараат.Нова креирана фирма просперирана и веднаш страв,од тоа ли Македонија ќе живее од страв,но ние сме глупи ние сакаме монотомија,што да правиме прост народ сме.Немаме некоја 3 опција јак лидер кој од пепелта ќе не воздигне и ќе ја направи државава најсилна на Балканов,а имаме капацитет за тоа.Тоа што немаме е мозок,се враќаме назад во минатото,наместо да мислиме на вредности кои се трајни на пример економијата.Лесно е да дојде некоја инвестиција но треба да им гарантираш работи која друга држава ги нема.Колку само даноци има и сите се без некоја поткрепа.Данок на отпад аман бе,зар и тоа те интересира или зад тоа има некои ваши луѓе кои перат пари.Колку реалноста е сурова,успеваат тие што се позади вас,такви се тие што сега ми го земаа плацот,владини спонзори.Но се има крај,ќе дојде и на тоа некој ден.Со надеж дека ќе се оправат работите и се ќе биде во ред како што треба и тоа дека ќе го направам тој плац како никој друг по стандарди кои никој ги нема.Сум видел во странство како работат и сакам така да биде ќе отидат пари но кога луѓето ќе видат дека се работи како што треба сигурно ќе загризат на тоа.Ако не ќе се вратам на факултетот и ќе правам анимации и тоа ако не успее ќе бидам келнер или чистач.Парите ми се важни сега,зашто сакам да останам независен да се тргнам од мајка ми за да неможе да ми збори волку си трошел и да ми биде над глава.Колку и да ја сакам таа љубов има граници како се во животот.Поздрав и да ги делиме успесите заедно :)
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
“Our prime purpose in this life is to help others. And if you can't help them, at least don't hurt them.”
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom