Драга Кајги,
Ова е мој 200. пост кој ти го пишувам. :smir:
Синоќа бев во театар да ја ѕирнеме толку фалената Бесови од Достоевски и
воодушевена сум!!! Навистина беа супер. Трае у пичку матер многу долго (4 саати!
), но и Достоевски немал усул во пишувањето. Една реченица - 5 километри, иди најди каде е почетокот, а каде е крајот на реченицата, но сепак толку кристално јасен во она што сака да го каже. Морам да признаам дека ми требаше нешто вакво за да ме раздрма малку. Погрешив што подолго време ги оставив рускиве класици и што повеќе се дружев со друга, многу постара литература, ама им најавувам повторна дружба, поготово Гогољ.
Ништо не се променило, човекот е ист. Се менуваат само времето, часовите, годините... ние, луѓето, остануваме исти, диви и бесни одвнатре, развратни, злобни, уморни, себични... Ние сме најлошиот вид животни. Цело време сме во некаква потрага, а ни самите не знаеме што бараме, крај не ни се наоѓа. Се сеќавам првиот пат кога почнав да го читам Достоевски, циркус! Идиот беше мојата прва средба.
Кој генијален ум...
Викендов поминаа 10 години од нејзината смрт. Се потсетив на многу работи и колку многу ми недостига. Видов колку многу сум напредувала во животот, но повторно ја почувствував истата болка. Чудно, цела недела ја мислев само неа и се сетив на последната недела со неа, премногу болка, премногу работи кои сеуште ми го кинат срцето. Боли, никогаш нема да престане да боли. Тоа не ме прави послилна, туку ме тера да се соочувам со се`, ме тера само да мислам на иднината, оти минатото е болно, поготово последната недела со неа.
Претставава ме потсети дека повторно треба да се дружам со Достоевски, а кога ќе ми треба малку одмор ќе го дружам Гогољ, интересни другарчиња ќе ми бидат Русиве. Има избори, а Достоевски некои дела ги напишал само за нашиве (не) избори.
Владо Јовановски - БРАВО!!!
When you're near, there's such an air of spring about it,
I can hear a lark somewhere, begin to sing about it,
There's no love song finer, but how strange the change from major to minor,
Everytime we say goodbye.