Драга,
Не знам дали ќе повратам или ќе паднам во несвест. Цели три дена не бев јадена, се отрув со кафишта и цигари, па сега конечно земав малку супа да си сркнам, дека главата ќе ми експлодираше од болка, а и ќе си припаднев на прав пат по дома. Мислев ќе ми е подобро, ама уште толку ми се згади. Шо чоек станав ... од нервози разбирам да губиш апетит, ама три дена да не јадеш? До кога можам да живеам вака? Си го упропастив животов, морам да смислам начин да си сменам нешто. Морам да престанам да мислам на работи и луѓе кои едноставно не го заслужуваат тоа. Може ако си го повторувам ова наредниве десет години, ќе го научам и ќе почнам да го практикувам, а?
На страна моето психичко стање, денес на кратко мрднав од дома и добро си поминав. Се изнаиграв билјард, на цела мака многу ми одеше, ги тепав сите и така горда си заминав пред 12 дома, што не знам од кога не ми се случило. Интересно е да гледаш машки фаци кога губат од женско, во било што. Едноставно ти го прават денот!:pos2:
Сега ми остана уште една дилема ... да легнам и да се одморам ко човек или да подремам уште малку на тебе ... Тежок проблем, признавам ...:jaj: