Драга Кајгана,
Што туку ја имав најлошата вечер откако почна летово. На 1ви јули заминав за Германија и се уште сум тука, а со оние што ги сакам разговарам само преку скајп. Вечерва почнавме со дечко ми навидум обичен муабет, ко и секоја вечер, ама тргна на лошо. Значи пред да успеам да се дојаснам, на среде аргументирање ми падна конекцијата, баш кога беше врвот на караницава, а мои последни зборови кои тој ги прими беа НЕКОЈ КОРА ДА СТАВИ КРАЈ. И толку. Ми падна конекцијата, не можев нипшто да пратам на скајп, а по некое време (да не речам 2 минути) и тој се исклучи...И од фб и од скајп. И толку...не успеав да се докажам, да ме дослуша, па и тој да се докаже... И сега му пишав и на скајп, и на фб, ама од него ни трага, ни глас. Колку ли само лошо звучи НЕКОЈ МОРА ДА СТАВИ КРАЈ и да те снема од четот. А како ли му е него.
Драга Кајгана, премногу го сакам за да заврши вака...може сега сум во очај, заради тоа што го нема нигде, а и треба да помине уште некое време додека лично се видиме, ама до тогаш.....Сакам да ми пише, да ми каже дека се е во ред, дека прочитал се што сум му пишала и дека не е моја вина что мене ме снема од онлине.
Вчера му ги читав мислењата на форумов што ги има оставено (значи зборувам за Пиповски), и не можев да си поверувам дека во него има и такви...карактеристики или како да ги наречам. Се изненадив, не знаејќи дека има такви погледи на некои работи...А после она што го напишал, мислам дека беше да можеш 24 часа да бидеш невидлив што би направил, останав со вилиците в рака....Не ми се верува дека така му кажав...
Сакам пак да ми заѕвони на скајп и да ми се насмее и пак да ми каже колку му недостигам...
Сама сум...нема на кој да му кажам, колку само да споделам со некој...немам никого...сакам да си одам дома, а не можам...сакам да му кажам дека го сакам најмногу од се на светот и дека е мое се, а нема начин. Мислам може да му пишам на фб, или на меил, или ватева, ама не можам повеќе да издржам.
Многу сум песимист. Аааааааааааааа....не бива...не бе, ке ми се јави кај и да е....
Така ми беше тешко и морав да кажам некому...Извини ако те измалтретирав...И фала шо ме сослуша....Па ќе пишам пак...се надевам пооптимистички.
И така....поздрав