Драга,
АЈМ БЕК! За некој ден, додуша, во петок одам пак. Источна Македонија рулЗ! Си поминав супер, фатив фармерска боичка, Цеца изврте 1050 километри за 6 дена, ја прекрстивме во Бетмобил, видов милион места, се изнауживав, набив кондиција од пентарење по водопади, скали, скали, скали (што е со источна Македонија и скалите?!), ме изедоа комарци, измрзнав сред август на Беровско езеро, од смеење ми се набилдаа стомачните и на крај ме сопре полиција (среќа што другите во кола ги приметија иначе јас ќе ги прошишав и ќе имаше car chase на скопска обиколница). Бев на места што не ни знаев дека постојат, имавме авантура до Цареви Кули, прв пат отидов во Дојран, Штип, Струмица, ју нејм ит, ајв бин дер :motor:
Значи, ти биди ми сега така, пошто ме примрзе да пишувам. Се читаме во следна поволна прилика.
Позраф,
Н.