И сега што?
Веќе два три месеца се прашувам себеси истата работа и место да најдам одговор јас си потонувам во мислите кои пловат во неповрат ,почнува јанѕа да ме јаде и на крај истоштена од оваа Недојдија се повлекувам од мислите и продолжувам механички да функционирам.
Ах оваа проклета земја.....
Кога бев помала пред да зачекорам во правничките води а и после тоа додека учев и студирав мислам дека немало поамбициозна личност од мене.Се искичмив од учење,и имаше чат пат некој резултат ќе си ја добиев оценката и ќе си се радував(хуху не било за џабе) па и некој денар падна од министерствово(хуху не било за џабе)...арно ама завршив и амбицијата умре,уствари она не умре ја убија.
И сега се плашам да погледнам назад а камоли напред.Кога ќе видам назад гледам споулавен студент кој учи како утре да ќе работи за огормна плата со загарантирана работа+пријавена(како у огласине ако сте приметиле),а кога ќе видам напред е тука станува малку матно ,се нешто лавчиња трчкаат ,ружи цветаат,црвено ,сино...јас со рацете во џеб.
Изгледа треба да станам љубител на животните или хортикултурата,зашто вака ако продолжам отидов јабана.
Амбиција...камо да има нешто да ја поттикне да воскресне,ама кај ја закопав чисто да и запалам свеќа поим немам.