Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.174
Поени од реакции
3.729
Драга,

Едно прашање може? Фала е вака сега што треба да се деси да почнам да учам на време више АМАН!!!!!!???, имам милион страни за учење јас семинарска си правам за у понеделник -.-. И така ај нека ми е со среќа утре ваљда ќе препишам нешо иначе паднав :(
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.070
Поени од реакции
74.752
Каков кам бек имав на кошаркарските терени, мрежичките плачат после моите шутеви за тројка :icon_mrgr:

И колку грав јадам човече... Порано секој петок грав се јадеше, сега секој втор ден јадам гравче :icon_mrgr: Станав зависник од грав, гравојад, специјално за мене се кува :icon_mrgr::нинџ:

Тотално бескорисен пост, само да си се пофалам и се враќам на учење :LOL:
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Драга, вчера сестра ми ме прати по смоки. Да сум купела од големите смоки, најгоре стоеле, 25 денари.
И јас фино лепо и' купив смоки у голема опаковка. Јас тоа подразбирам под големи смоки. Лелеее, коа попизди, не требало такви. :pos:Сакала од големите смоки, оние долгине. :cautious: Па што има врска де? Нек си ксне две наеднаш, ќе искочи една голема смока. :D Па и што да праам, кога и овие беа 25 денари и исто така на најгорниот рафт беа. :LOL: Каква коресподенција, еј. :pos:
Почна да ми збори, све погрешно сум купувала. :pos:Леле, меморија на слон, еј. Ова погрешно сум купила, она погрешно сум купила. Ништо неа не и' чини. Е па купи си сама, де. :ROFLMAO: Многу сме комплицирани женскиве еј... смоки ко смоки, сите се лепат за заби. :D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Си го осетила ли она прекрасно чувство кое ти ја исполнува лажно душата само неколку секунди и веднаш си заминува..... тоа е она чувство кога ќе намирисаш некој непознат некој мирис кој во тие неколку секунди те носи во некое си друго време и место, поглед кон планина, Сонцето, Месечината, кон небото, кон sвездите кој ти буди чудни недоживеани спомени кои сакаш да ги доживееш, убава замисла за иднината во твојот живот во доцните летни ноќни часови кога седејќи на тараса ќе те разлади летното ветре и ќе те внесе во лажната реалност само на неколку секунди....., а по тие неколку секунди повторно се враќаш во реалноста, се губи тоа чувство, се намалува надежта и повторно се чувствуваш празно.


Колку би било убаво таа замисла и чувство да станат реалност и да траат вечно :)
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Зарем стварно уште постојат такви одвратни невоспитани говеда што мораат кога ќе отидат во продавница да ги отворат производите и да брцнат со прстите а потоа да ги вратат на место?! Ај ќе сфатам парфем, шприц шприц, ама крема за тело?! Прстите да им се исушат!
И после зашто никад не го зимам првото што ќе ми дое при рака туку буткам рака позади...:cautious:
Енивеј, убав ден, отидов да фаќам боја на сонцево :свиркам:.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Јас да се извинам до невладините и нивните џендерно недефинирани створења што си ја сакам државата (се извинувам) и што пеам песни на стадиони и сали како излези момче (извинете) и сакам мојот народ да е безбеден а криминалците зад решетки, поготово познатите банди што оперираат во населбава (уште еднаш извинете). Ветувам дека во иднина се што ќе правам е со пари од моите да седам во Менада со шал ко Јасер Арафат, ќе баталам Stone Roses за Мирко Скопов и ПМГ Колектив и ќе марширам за мирот. Се надевам дека гревов ќе ми биде опростен (извинете, да не заборавам).
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Некогаш манијаците се криеја по парковите, денес се кријат по приватните пораки.
BTW смеам ова да го објавам на мојот твитер профил?
Опиши ја околината околу себе со една песна:

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom