Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
P

parvati

Гостин
Кајгано
Џабе гу измислиле религију, кд име господово(оу гааад,оууу Џиза'ссс,сфит лооорд) наише се употребуе у порно филмови( е а како е множнина од порно? порноа, порниќи е варијанта ваљда)

А само на мене ли ми е послатко кашкавалче кд е исечено сс нож што има рецке, знаеш нели,парчиња ребрасти, као компот од дуње, само солена варијанта,варијација у статистику
Е а сеќаш се како положи ја статистику,сс мноо зборење на предавања, а само една дефиниција кажана и шеска. Па ке не биде, е нема да не биде ич
 
Последно уредено од модератор:

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Драга,
Дремам сабајле во чекална, ми пристуде на раце и ги стаив во џебовите на капутот. Види што најдов
adswerrt.jpg
Појма неам кога успеал вчера да ми ги стави таму, али успеа да ме насмее во таква смотана ситуација. :X3:
Туку почнав со терапија, држи среќа да се ослободам from that annoying bastard.
Ајт.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Драга

Прееска еден тип се симнува од автобус и му вика на возачот "thank you boss"
Ако не беше Македонец - еве на!! Англиска верзија на “Фала шефе“ :pos:

Вчера децата гледаа цртани за принцези нинџи и не можев да им се начудам како може да ги интересираат толку тапа цртани.
Ај шо се предвидливи туку и заебанциите не ги сфаќаат. Имаше референца за "Back to the future" ффс... енивеј...
По 15 минути реакцијата ми беше “јееее, принцезите нинџи ги победија вонземјаните!!!' :X3: :tapp:
Возрасни! Треба да почнам да се дружам со возрасни!:cautious:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Драга, на сите лилјак им влегува дома, мене пајак. Што е работава :confused:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
Ако шефот имал лош ден, не бери гајле, и ти ќе го имаш.
Ми недостига мојата симпатија на работа. Во спротивна смена сме. Јас одам, таа доаѓа... Ах Кајги, кога таа доаѓа прашливиот ветер станува музика...:love:
 
D

Dynamo

Гостин
Драга,денеска ми стаса емпетројката што си ја нарачав од ибеј,конечно телефонов ќе одмори.
 
D

Dynamo

Гостин
Значи пак другаров ме заеба,наместо сега да трчам на стадион,сега ќе испаѓам -.- Вика ајде во 4 и 15 заедно ќе одиме,сега ми се јавува и ми вика абе оди ти јас неможам..ПУ БРЕ.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Кајгано се чуствувам толку многу меланхолично и тоа без некоја посебна причина. Си го видов одразот во стакло додека се влечкав по улицата како претепана и изгледав како да одам да ме линчуваат а не како да одам во маркет. Се мразам ваква.... ама ај не расположението му го препишувам на тмурното време.
 
H

HoT IcE

Гостин
Здраво драга,
Ми фалеше многу, долго време не те дружев, дисциплинска, јебига. Ама битно се вратив, убаво ми е овде. Сега со нов форумски бонтон, малце кочница со темпераментов и да се надеваме дека нема пак да се разделуваме, нели..:D

Гледам си сменила многу, нова верзија ово оно, знаш ме знам те, ама убав ти е новиов систем за тагови, поубаво си пицната сеа, ко за матурска забава си нашминкана, и ако, нека е за арно, каква и да си, дури беше и најгрда на булетин пак те љубев, сеа уште повеќе.
Кај мене ништо ново, многу сум депресивен ради времево и фебруари го општо мразам ко месец, и едвај чекам да дојде пролет да живнам малку. Ми смета времево, сакам да почнам да трчам и да се вратам малце у форма, а сега сум лимитран навечер со студов, а отсабајле на факс, така да, сите мои мисли и планови се за во Април, а до тогаш ќе се снаоѓам.:)
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Драга,
Прекрасно би било кога сите би живееле во реклама за омекнувач за алишта. Сонцето грее, цвеќиња си цветаат, пеперутки си летаат, сите среќни, весели, насмеани, си гушкаат пешкири и гајле си немаат. :pipi:

Во некој помалку идеален свет, се замарам со најнеомилениот предмет во текот на моето студирање, на кој втора година по ред се немам појавено на ниту едно предавање и кој ми е толку неинтересен што само што почнав да учам добив главоболка, забоболка, ноктоболка и се останато. А морам да го фатам на колоквиуми оваа година. :cautious: До пред некое време имав време за спиење, а ме мачеше несоница. Сега, кога можам конечно да заспијам како човек, немам доволно време. И така во круг.

Посветла страна: уште две недели, па колоквиумска, и веќе е ПРОЛЕТ!!! Пролетта е моето време (жал ми е за оние со алергии на полен и слично, но би сакала 12 месеци во годината да е пролет). Не само затоа што највеќе личи на реклама за омекнувач, туку едноставно секогаш успева да ми разбуди некое посебно расположение, кое го немам во другите периоди од годината. Плус, новата сезона на GoT :vozbud:. Плус, велигденски и првомајски празници. Плус, годишнина од врска. Плус, постизборен период. Плус, втор роденден на најслаткото мало човече кое го познавам. И уште многу други плусови :D

Поздрав и убав остаток од денот,
Џинџер.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Пропаднати генерации, пропаднати и изгубени души, пропадната младост.
Тоа е она на што се сведува животот во овој век.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Драга,
Уште еден преубав ден. Можам купачи да си облечам и да се сончам :cool: Си седам надвор, си пијам чајче и си уживам. Мераци :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom