Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Драга,
Се осеќам ко да имам мој компјутер. Си реков чим не си купувам нов во скоро време поради немање парични средства :place:, бар да го средам овој што го користам малку од малку. Нема везе што е најголемо :гомце: со вин 8 и неможам да го смислам, во моментов е единствениот што го имам (а под имам мислам делам). И си направив мој јузер. И конечно имам пристап до МОЈ скајп, немора да чувам инкогнито прозори отворени само за да не се логирам по стоти пат насекаде и ќе си имам адблок. И моја позадина, и среден десктоп. И ми фали меморија. Зашто никогаш немам доволно? Ни на лап топ, ни на мобилен. А не им верувам на тоа надворешните ХД зашто еден се заеба и сеа чорба, нема податоци веќе (освен ако не платам едно 2/3000 долари...). А тоа облаците се скапи. И сеа треба кај секој посебен облак да си имам посебен јузер и да аплоадирам посебни ствари и да бидам во тек со се тоа. Звучи совршено, нели? :pipi:
Дај да освојам на лото и нема никад више да пијам кафе до мојот нов компјутер, се колнам! :cuc:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Виц, кој може да послужи за регистрација на кајгана. Нит трол ќе вирее, нит трол ќе се види:нинџ:


Внесете го вашето корисничко име:
- сарма

Жалиме, но корисничкото име мора да содржи минимум 8 знака!

- посна сарма

Жалиме, но корисничкото име не смее да содржи празно место!

- поснасарма

Жалиме, но корисничкото име мора да содржи барем еден број!

- 5поснисарми

Жалиме, но корисничкото име мора да содржи барем една голема буква!

- 5ПОСНИсарми

Жалиме, но корисничкото име не смее да содржи повеќе од една голема буква, последователно една по друга!

- 5ебениПоснисармимамицатаваша!!!

- Жалиме, но корисничкото име не смее да содржи интерпукциски знаци!

- 5ебениПоснисармимамицатаваша

Жалиме, но ова корисничко име веќе постои.
 
Последно уредено:
П

Пепси_

Гостин
koja e potrebata uste da im se dokazuvas na botovi od sajber svetot so go gushat praviot zivot....nikakva gledam nekoj uste ima problem mekush


nema feedback tezok karakter u pm ajde barem bev na rucek :icon_lol:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.734
Поени од реакции
13.486
н.б.
Знаеш дека се ближат избори кога ќе видиш суптилно бомбардирање низ форумот за „лажен“ патриотизам.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Во понеделник Бушко ќе ја промовира Куќичка за птици преселници. Ќе се видам со куп драги луѓе и срцето ми е полно уште сега. Деновиве некако се завлековме во музика, храна и во дувлово наше си ја преиспитуваме иднината.

Да се биде во љубов на далечина, да се гради врска преку виртуелни начини е пеколно тешко. Животот тече, танцот е со болен интензитет - го замислуваш партнерот, го допираш со сета енергија што би му ја дал да е припиен до тебе. Неговите зборови - дека ме љуби и покрај се’ што не’ снаоѓа, ми даваат сила за да издржам. Во спротивно, ниедна улица, уличка, ќепенец, вратичка, се’ што може да се отвори простум, нема да ми се чини ослободувачка. Утрава се сиви како гугутки, како мачори. Се повторувам. Ми треба ширум да проголтам од деновиве, како еклер во ПМС. Морам да кажам дека како што почна годинава, мноштво неубави работи соочив. Доста луѓе имаа проблеми со здравјето. Починаа неколку блиски луѓе на мои блиски луѓе. Многу констелации се измрдуваа од време и место. Имаше бран меланхолија кој потопи многу идеи и останавме како затечени од сето тоа. Бушко, вели дека ѕвездите си играт со нашето трпение. Ние, малечки запирки во Универзумот, па си се чудиме, а што би правеле?
Војни на повидок, срцеви и нечовечни. Дехуманистички и во постојана психоза.
А дека сево ова е борба, мноооогу голема борба... Со ветер и магла, со дожд и туѓа моќ, со невидена згрченост, е. И тоа не е ништо ново. Војната и Љубовта не се ништо ново.
Ново е кога ќе го сфатиш тоа.
Оптимизмот не ме напушта. Имам книга за промовирање. Скроз ја заборавив, драги мои. Скроз. Како да ме исцица сета негативност што ја сомелев во умов, како скиселено чувство, како заборав. Но, љубовта ми покажа други нешта.
Дека може, мора и треба да се осветли патот - само таму си веруваме на себеси и на Другиот.
Тешко е, оф колку е тешко, но тоа е. Едно е ова дишење, ова создавање свет.

Морам да си ветам нешто - одење цврсто кон целта, зошто срцето веќе ми е таму. Не е на трон, не е на престол. Едноставно е таму, кај што ни замислениот Рај создава партитури, испева песни и ме тера да се исплачам ко мало дете, а срцето да ми се отвори ко бунар.
Во него, ѕвезди паднати, од вчера.
Од сите неба што ги гледам кога знам дека сум најмалечка на овој свет.

М.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Конечно. Испадна така како што очекував... Баш ми се допадна крајниот резултат :vozbud:
Сега ке уживам во задоволството..Ке уживам во денот исполнувајки ги денешните активности.
Налик, тмурен ден... ама мене не ми беше таков... Почетокот на денот донесе многу убавини.
Горда сум што успеав.. Горда сум и на оние кои беа покрај мене и ме охрабруваа.
Остануваат уште мали ситни детали кои се надевам дека ке ги решам...
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Дојдов, прошетав, заминав.
Скоро се' што сакав да видам - видов, единствено искачувањето на Маркови го оставив за нареден пат и некои други ситници :X3:. Бев сведок на убави пријателства и дружби, културни минувачи ( што овде скоро и да се истребени ), и на една голема љубов, онаа на @Red John и @Божино . Нека не те лажат со нивните кавги Кајганче, тие дури и кога се караат и пцујат се многу слатки! Па да ги видеше како се гушкаат и си праќаат воздушни бакнежи... Цело кафуле им завидуваше :giggle:. Ме натовари @turvior со примероци од творечката дејност, некако успеав таа тежина да ја донесам во Ск, а следно што треба да направам е да ги разделам на оние на кои им ги посветил. Ми даде и на мене еден, љубомори! :D
@Школка сакам да ја видам уште минимум два пати, зошто од гласноќава на мажите, бевме онеспособени да направиме подолг муабет, затоа што знам дека имаме што да си кажеме :pipi:. Го научив @Hurin како и зошто се употребува такси при итни ситуации, би требало повеќе да не му префрлаат за каснењето :icon_lol:. Неговите потези во биљард предизвикуваат страв и трепет, а за останатите работи за кои го советував, имам ангажирано луѓе да го следат неговиот прогрес. Ни во лудило не смее да потфрли!
Назад во хаосот, загушливоста и сивилото. Креветот ме пречека со огромна прегратка, не се одделивме 11 саати, а за убав почеток на денот, несквикот седи до мене од прееска и ми се смешка со секоја моја голтка затоа што знае дека ми прави убаво на душичката :rolleyes:. Или пак намерно така ми прави за да не посегнам по нескафето... :cautious:
 
Последно уредено:
P

parvati

Гостин
Драа

Партија шах сс мало дете, иако фигуре се мрдаф у стилу кој куде стигне,не се знае кој пие кој плаќа...
Прајслез : ) па и сончеви периоди од време на време.Играмо на кој да брани у двор,победник ке шутира пенали. Мој спирит хеф а тајм машин
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Реков терам албански закон па сега ти види :icon_lol:.

Сите ние сме луѓе ама ретко кој е човек. Дали знаеш која мака го има спобркано да оди миљон километри далеку од дома да заработи нешто, ти не знаеш ама јас знам, така можеш да судиш колку сакаш ама не ги знаеш сите факти. Додека пак јас си молчам оставам да си го изнесеш твоето мислење иако знам дека не е така :icon_lol:.

 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Здраво, Драга Кајгана.
Еј слушај шо сакам да ти кажам, да ова ќе е најголемиот текст шо ти го имам напишано, спреми се немој после да ми ломотиш и преговараш. Сакам да ти се пофалам дека ептен ми е кејф да стегам негативен коментар по новиве тастери, знајш и ти кој не се прај наудрена. Не знајш? Жити се, еве јас ке ти кажам тоа е еден тастер со три копчиња (знаш оно као нека плавичаста маса, магма...) јас оценуваш работата на оние скапанине изнапикани по државниве институции и без разлика на исходот ти си стегаш негативно, и така на секој шалтер ги гледаш стегаш и се потсменуваш, а тие ти се пуљат ко пишпирици. Ебави си ја та стопанката ваша. Многу сум среќен абе има секој ден да одам и да стегам.
Еј и ова сакам да ти кажам очекувам нешто деновиве нестрплив сум многу, уз пат на враќање си купив многу убо пенкало црно 120 денари:tapp: (из јапана брате, маде ин јапан), да си додадев уште 15 денари ќе си купев кило ослич и немаше сега да седам гладен ко пес овде и да прам муабет со тебе. Ама не бе кајги ми требаше многу убо пишит само пишит еве ак ме вервиш, сега во китапов напишав се шо требит и нема отстапвање наредниве 6 недели почнуваќи од утре, време е да го вложиме максимумот.
И се така ти викам додека случајно стегнав нешто на несакање на ова џузбиево и ми излегува следново Марк Цукемберг скљафтенион бил Македонец, Марко , неможам да ти опишам колку многу сум се изнасмеал, неописливо е, ех мор Кајги тебе најмногу од сите те разбирам и можам да ти кажам дека тебе ама баш тебе не ти е лесно со вакви ликови. Сега јас ке ти кажам се кој е Македонец:
Наполеон Бонапарта - или Номче популарно име во Македонија, од Сенце Македонец,
Вилијам Шекспир - или Владимир популарно име во Македонија, од Октиси Македонец,
Абрахан Линколн - За овај не сум сигурен ама и тој е Македонец,
Џорџ Вашингтон - Џоко популарно име во Македонија, од Шипокно Македонец,
Адолф Хитлер - Не бил скроз македонец, ама веројатноста била голема шо значит Македонец,
Томас Џеферсон - Томе популарно име во Македонија, од Пожаране Македонец,
Аристотел - Аки не толку популарно ама, од Кочишта Македонец,
Чарлс Дарвин - Чедо не толку популарно, од Свињишта Македонец,
Вилијам Волис - Васиљ популарно име во Македонија, од Доленци Македонец.
Цезар Џулиус - Цветко популарно име во Македонија, од Ташмаруништа Македонец.
Кралицата Викторија - Вики/Викторија популарно име во Македонија, од Мислешево Македонка,
Мартин Лутер - Мартин популарно име во Македонија, од Стенче Македонец,
Сталин - Стојан/Столе популарно име во Македонија,од Врбјани Македонец,
Ајнштајн - Аце популарно име во Македонија,од Рајчица Македонец.
Кристофер Колумбо - Коста популарно име во Македонија, од Лабуништа Македонец,
Волфганг Амадеус Моцарт - Македонец со Австриско Државјаство.
Исак Њутон - Илче популарно име во Македонија, од Злести Македонец,
Лудвинг Ван Бетовен - Љупчо популарно име во Македонија, од Огорче Македонец,
Леонардо Да Винчи - Лазар популарно име во Македонија, од Претеча Македонец,
Франклин Рузвелт - Ристо популарно име во Македонија, од Вевчани Македонец,
Роналд Реган - Рубин популарно име во Македонија, од Дуње Македонец,
Чарлс Дикенс - сеуште не е познато правилното име, ама се верува дека е од Оризари,
Бенџамин Франлин - Бошко популарно име во Македонија,од Калишта Македонец,
Вашингтон Џорџ Буш - Џоко популарно име во Македонија, од Дрслајца Македонец,
Џингис Кан - Џоко популарно име во Македонија,од Дрсјаца Македонец,
Себастијан Бах - Стефан популарно име во Македонија, од Трново Македонец,
Галилео Галилеј - Ѓорѓи популарно име во Македонија, од Вапила Македонец,
Јури Гагарин - Јоне популарно име во Македонија,од Кривогаштани Македонец,
Едгар Алан По - Емил популарно име во Македонија,од Субо Грло Македонец,
Пјотр Илич Чајковски - Петар популарно име во Македонија, од Арабиново Македонец.
Елвис Присли - Елвис од Џепчиште, се важит Македонско државјаство имал.
Кралот Артур - знам дека од Македонија, ама власта ги држит во тајност фактите, Македонец,
Микеланџело - Марин популарно име во Македонија, Љубаништа Македонец,
Никола Тесла - Никола популарно име во Македонија, од Врапчиште Македонец,
Данте Алигери - Даниел популарно име во Македонија,од Ново Село Македонец,
Ото Ван Бизмарк - Оливер популарно име во Македонија,од Слатино Македонец,
Да живее Македонија ида се донеси петиција на сите овие споменици да им се направат.
Си се изнасмеав кајги со тебе.Драга ма немој не ми замерври најубо е да си будала најлесно ке си врвиш, знај дека те сакам и дека засекогаш ќе ти сум лојален. Те Сакам Кајги од проста причина шо можам да си се изнасмеам.
М-1.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom