Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Драга К,

Може ќе биде подобро понатака, но што ако не биде? :ROFLMAO:

...ако не биде ќе излеташ како старец на мраз :pos:
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Драга
Зошто секогаш ситници може да зезнат расположение, што уште да се стори за се да е под конец? :unsure:
Деновиве беа неописливи со зборови преубави работи се случија посакував да потраат уште и уште и уште. Иако неколку моменти ми расипуваа расположение и ме направија мноогу бесен и нервозен али поголемиот дел се си беше преубавоо.
Зошто мора толку да размислувам за се, зошто неможе да ме разбере едноставно, зошто луѓето не си ја прифаќаат реалноста и упорно иако ниту ги знам ниту сум му сторил дирекно нешто ме чепкаат, зошто ако толку сакаат да си имаат со мене работа не ме викнат очи во очи ваљда тогаш го правам најдобриот разговор ;) . За таквите дефинитивно сум немилосрден, не сум оној кој смее да суди и да пресудува али несакам пички во душа, мамини мази и дечиња без јаја, дечиња на кои се му е на тацна, дечиња кои не заслужиле многу работи во животот, дечиња на кои му се простувало,кои не виделе никаква мака, кои не си ја лизнале својата крв од носот поради што имале предолг јазик, несакам лаење од страна туку очи во очи, бидејќи во секој друг случај сум многу полош и не простувам :mad:, не се задевам и несакам да ме задеваат без потреба!
Како попладнево мислам дека одамна се немам уништено така на тренинг претпоставувам дека вечерва без нешто за смирување нема да можам ни да заспијам од болка, а за утре не ми се ни помислува, но ја сакам физичката болка особено во последно време ја обожавам. Доаѓа времето за повторно враќање на ММА, за повторно гледање на идолите во тоа 1,2 и оној кој е вистински маж кој е буквално машина No1.
Ај да си се пофалам малку денес без никаква суплементација стигнав до 150 кг на мртво дигање, 95кг лат машина горааааааам :vozbud: од утре по 2 тренинзи на ден па што сака нека биде. Уште кеш да се обезбеди за суплементи и јадење ќе биде ОК :oops:
Иначе ова некогаш мора да го пробам, се надевам дека животов ќе ми даде шанса да го пробам па ако сака нека ми е и последно нешто во животот.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Мислам дека значењето на животот е да му дадеш живот на значењето. Да го откриеш нејасниот пат на што полесен начин. Да ги вкусиш најслатките, но и најгорчливите вкусови. Три дена магла, еден ден сонце. Неочекувано, во твојот живот влегува личност која ќе ти го промени истиот. Три дена сонце, еден магла. Болни плускавци газејќи по боцки и по неверојатно долго реме, доаѓа и тој миг, крајот. Крајот на нашите елаборирани планови, крајот на се што некогаш стоело исправено, крајот на секакви изненадувања и солзи радосници. Милиони неурони во твојот мозок, но само еден доволно храбар да ти ја претстави сурово слободата и безгрижноста, туѓата рака што ја држи некаде далеку во очајни дна. Потоа драга, ти се вселува поток од свест, поточно несвест која се бори со твојот мозок. Шест дена магла, еден ден среќа. Викаат времето лечи се, дури и заталожените скриени моменти. Времето не лечи ништо, времето е проѕирна завеса која ги крие истрошените мемории. Простување и каење, никогаш овие зборови нема да ги прочитам во иста реченица, а и нема да ги искусам во ист период. Можеби, само крајот ќе остане мојот единствен вистински пријател.

Не е ни случајна мистериозноста на Морисон, вметнувајќи ја морбидната трагедија на Едип.

Реагирај сега, проучи подоцна. Животот е авантура, но секоја авантура е проследена со болка. Животот е болка, љубовта е болка, а стравот ги спречува луѓето од доживувањата кои ги нуди животот. На крајот, сите сме само, јавачи на бури.


Седум дена магла, неможам ни да помислам на сонце.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
"Штотуку комплетираните резулати за производство на сите видови артикли за широка потрошувачка покажуваат дека животниот стандард пораснал за не помалку од 20 отсто во текот на изминатата година. Низ цела Океанија утрово имаше незадржливи спонтани демонстрации, кога работниците излегоа од фабриките и од канцелариите и парадираа низ улиците со пароли што ја изразуваа нивната благодарност спрема Големиот Брат за новиот, среќен живот што ни го подари неговото мудро раководство."

Sounds familiar?
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Д.

Неделава ако ја преживеам, тоа ќе си го рачунам за еден од најголемите успеси во мојот живот. Пренапорна ќе биде, осеќам дека на кафе и на подочњаци ќе живеам...
Или шо би рекле Аце и Даце, наваму ќе тргнам неделава...
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Ne fakam gaga net, ke se tagirav @ limbo.
Ili instagramirav lazicata, smokite i nutellata.
Ili ke ti pisev tebe, na latinica.
Hey.................
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Влегов на темава за да прочитам постови за да се инспирирам да напишам сопствен пост. And I just did.
 
Л

Лигеја

Гостин
Супер Драга...Great...уште ова ми требаше да го дознаам за себеси убава статија.Арно ми текна да прочитам по толку многу направени глупости.Кај анксиозна па и бељаџика.Тешко на оние окулу мене.

http://www.psiha.com/psihagon/patopsiha/1099-vrskata-megju-gnevot-i-anksioznosta
 
A

AnFem

Гостин
Премногу животинки се заклаа во мое име. Барем сум им благодарна што ме нахраниле.
Алкохол испив повеќе отколку што испив во изминава година.
Освен јадење и пиење, се преконзумирав од кафани, Балкани, луѓе...
А не сакам бе кафани! Шо ми е?
Уште некој ден, со нови сили, одморена од двајцата ми мажјаци, назад... Кај ладното.
Овој пат, згрозена од мрсна и обилна храна, со задоволство ќе се вратам на здравата исхрана, ќе вежбам и ќе ослабам 15 кила. Еве, јавно давам збор!
За секоја моја недисциплинираност, парите за храна ќе си ги ставам во "Money for tattoo" теглата. Со еден удар - две муви.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom