Драга кајгана цитирам: Денес на битпазар дошла униформирана полиција и алфи да ги бркаат дивите продавачи на петарди .Неколку часа попладнево улицата кај Бит-пазар во Скопје беше блокирана поради револт на пазарџиите од акцијата која ја спровеле припадниците на мобилната единица „Алфа“ за заплена на петарди. За да се смири ситуацијата алфите морале да ги вратат запленетите петарди. "
Драга моја не престануваат чудесијата во оваа чудесна земја . Ама овој пат сум на страна на пазарџиите, требале да им ја скршат главата на алфите и еден добар балистички ќотек да им удрат. Зошто ? Затоа што алфите како мачиња предат на битпазар и запленетата роба им ја враќаат (што е кривично дело и во нормални држави за ова на робија се оди), а во аеродром, К.Вода и центар глумат држава и крвнички малтретираат народ за еден џоинт.
Е тоа само сакав да кажам драга моја кајги, не дека нешто ќе сменам, ама полесно ми е сега. Имај убаво неделно попладне.
Твој Никола