Кајгано, во свет полн со предрасуди и стереотипни размислувања тешко е да бидеш личност ко што сум јас.
Има луѓе кои ми значат и на кои им значам, но прашањето е колку навистина го мислат тоа. Дали тоа го мислат сериозно или од сожалување, дали утре ќе се разбудат и нема повеќе да ме чувствуваат близок? Затоа што, знаеш зашто....
Луѓето кои у минатото ми значеле заминале, поради мене ли заминале? Не знаем да си одговорим на ова прашање, за жал. А ниту сум ги видел нив, да ги прашам зашто.
Но, сега ми е добро, до кога ќе видиме.
Само да знаеш, не му посакувам на никој да му се случи тоа што мене ми се случило!