Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Драга...
Го угасив фејзбукот пред 2 недели, сконцетриран сум на правење пари и бизниси, многу сум ентузијастички настроен и треперам од возбуда во што се впуштам. Имено преку глава ми дојде од напатени мамини и татини копилиња што го следат мирисот на прдежот на нивните родители за платен одмор на закинтос да можат да угутаат јазик од англичани(посебно важи за понежниот пол). Крфта !. Незнам што ми е али сум премногу агресивен. Значи премногу. И премногу пцујам, за џабе читам толку ебани психолошки книги кога само ја доведуваат мојата агресивност до ниво кое ме тера да газам се пред себе. Хејтер сум, а несакам ... Сакам да уживам и да сакам се околу мене. Незнам дали воопшто и тоа постои. Внатрешен мир .. јок ! Само на филмовите го има. Како и да е, да не должам многу и ти ќе ме отераш у курац. кис4иња.
 
M

Mussolini

Гостин
Кајги, заникаде се осекам... как и да е, нема да те замарам... ојдех јас..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Dear K,

8 рунди тешка борба со смрдениот комарец, 8-0 за него. Ме чеша кај што не можам да се дофатам, ќе го начекам па макар последно да ми е...
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Драга моја кајгана знаеш и самата како викаат со сила убавина не бива ...

Ех драга моја кајгана најмногу мразам кога ќе се разочарам и тоа од сам себе си :tapp:
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Денес, конечно го фатив дублетот на натриум во спектарот на Сонцето. :X3:

После цел ден бев потресен.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ...

сите размислуваат која агенција била подобра за апсолвентска екскурзија. Абе ЈСП му е мајката, за 1000 цел град го вртиш, кај сакаш идеш, колку пати сакаш.
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Денес бев за прв пат на факултет и успеав да фатам два списка за редовност, фак јеа. Не ме гледаат до нареден понеделник. И си пријавив и дипломска, па се надевам нема да ме фати мрза како што може да ме фати и дека ќе ја скоцкам ко што треба. Уште само еден семестар и се завршува. Конечно. Не дека знам што ќе правам после, ама бар знам дека нема да се малтретирам и да губам 3 сата дневно во пат.
Мислам дека си замислив совршен фустан за апсолвентска, само уште да најдам кој да ми го изведе...
Крај на февруари ќе се сликаме... А јас многу сакам да се сликам :cautious:

Кога сме веќе кај февруари ми иде роденден. Може затоа сум волку добро нерасположена. Ај бар поклони ќе добијам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom