Абе па.
Вчера беше ок. Не беше сјајно. Не знам, трема ли, што ли? Се опив, достојно на недостојноста.
Се гордеев и се гордеам со љубовот мој.
Јадам пита со праз и утињам букви на тастатура.
На огинот, праевме снешко, т.е Снешка со другарките и чувството беше непобедливо - чиста детска слобода натунтана во 22 годишно тело.
Тегневме ракија.
И стаивме цигарче у рака за инат.
Вечерта јадевме бурек у ниедни саати и хухавме од студенило.
Имам за учење, ништо ново. Џојс и Пруст, тапа.
Мамоооо. Ме нервираш.
Аман од климактеричните бранови. Сакам здраво да ги натепам моиве, како магариња, со ластаресто дрво, зошто станувам нивен родител во задње време. Исклучивте ли шпорет? Зема ли тато инсулин? Мамо, стави капки за нос?
Кретенска одговорност, ама ај.
Ми доаѓа да вриштам. Подочњакот мутира во надочњак и задочњак, елката не трепка веќе, сијаличките цркнаа откога зет ми истурил ракија на прекидачот, па рокнал цел штекер и собата ми мирисаше два дена на индустриска зона.
Мразам се, онака емовски, ми иде да си се гушнам и да си седам у ќош, ко затуцан тинејџер.
Денес Божиќ, ништо не работи, а ја со платата ми маленка сакав да си купам нова четка за заби и пар списанија плус гаден мрсен чипс.
Хедонистот никогаш нема да ме напушти, што убаво звучи. Ко верен љубовник, што секогаш ти е прирака да ти ја полни душата со блаженства, марципани и жолта литература.
Мака мачам со сопствените дилеми.
Не е добро.
Па ок е.
Па просечно е.
Па може да е и бетер.
Па воопшто не му ја мислам.
И се така...:nesum:
Сакам да ми даат 50иљади денари и ко на ват нат ту веар да си сменам цела гардероба.
Иам апсолутно материјални желби денес и ме боли вагина по однос на мојата недуховност.
Горда сум на него, сајтот е одличен. Се перчам, мора да признаам.
Велат инспиративни сме си биле. Еми арно.
Уште ми се јаде од Мекдоналдс. А може и Лесковачка.
Ручек - боранија со павлака.
Дифузии.
Ај чао веќе.
Медс.