Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
драга,

или светот се свртел наопаку или па кај мене во глата нешто се завртило наопку. Ама пак , ако е кај мене проблемот, зошо се наоѓа понекој шо ме разбира ? Ќе да е обратно ...
И мислам дека во крвта на сите му е да се мазоисти, треба да му вршиш тортура за да те сакат и поштоват.

Толку.


†GODLIKE†
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Драга...

Утрово моето драго Скопје е тмурно и облачно.. Почнува да се буди безволно, со него се будам и јас...
Ја слушам вревата која доаѓаа од булеварот.. Се потсетувам дека пред година ова време веќе требаше да бидам спремна и да трчам како и обично по 22ка за да стигнам до школо. Се потсетувам на поспаните утрински лица на луѓето, на нивните безизразни ликови, на нивните паднати глави и желбата да поспијат уште некоја минута повеќе... На возачите кои не успеваа да најдат слободно место за паркирање, нивните пцовки и дофрлување,жубурењето на моторите, шкрипењето на кочниците.... Се сеќавам и на дотераната госпоѓа која успеваше да го измерка секој како е облечен во автобусот и нејзиното тивко коментирање со својата колешка..
Секој брзаше негде, имаше цел, цел да не задоцни на работа, да не добие неоправдан, да не го пропушти автобусот... Можеби и затоа често ми прелетуваше мисла низ глава дека градов секој ден се буди на лева нога.. Некогаш размислував за нивните цели за нивните желби, за нивните надежи и празни погледи кои талкаа секојдневно таму негде низ прозорецот... Сметав тогаш, а и сега дека целта на секој од нас е да станеме луѓе, а среќа е сепак да останеме деца. Среќа не ни носи она што го гледаме и допираме, ниту пак она што другите го работат за нас, туку она што мислиме дека можеме и сме способни да го почувствуваме на вистински начин и сториме за другите, а пред се за себе си. Доволно е понекогаш само да затвориме очи, да слушаме музика на слушалки и да го видиме она што го сакаме..
Лисицата му вели на Малиот Принц: “Само со срцето правилно се гледа. Суштината останува невидлива за очите”. Тоа едноставно значи да се гледа и да се слуша со срцето. Насмевка сигурно ќе ни го огрее поспаното лице.... И утрото толку веќе нема да ни се чини безволно...
 

ivana87

magic is everywhere
Член од
7 јуни 2007
Мислења
1.613
Поени од реакции
220
Гутен морген Кеејјјј :helou: не сум добро Кеј ме боли грлото :nesvest::nesvest: ...... треба ми 1 Tequila и сум ОК :vozbud:
 

Lady Gaga*

«3 Him!
Член од
4 јануари 2010
Мислења
293
Поени од реакции
19
Драга Кајгано..
Станувам уше од сабајле и глеам се бело пред мене. :nesvest:
И се прашувам .. кога ќе се растопи снегов ?!
Иначе добра сум, расположена, после ќе одам да ме бушат. ( на забар ) :pos2:
Ќе биде после корнење за коси. :pos2: :pos2: :nesvest:
Ништо ново нема, фала на сослух. Те сакам и јас тебе.
Буб :back:
 

Blue_Boy

THE WAY I AM
Член од
29 октомври 2009
Мислења
345
Поени од реакции
33
Драга,

Сеа стануем и што да видам.Бело е се.Многу ме израдува ова снегов ми ја исполни душата.Нека се задржи што подолго и нека врне уште и уште и уште.Обожавам снег.Ај отидов да те читам.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
кајганке... цела вечер не сум спиен незнам шо ми е у последно време сон не ме фаќа бе.. и сеа ке легнам и до ниедно време ке спијам. т.е какво ниедно бе до 4 ке спијам и знам дека нема да бидам доспан а таков ден знаеш каков е.. никаков.. ебати денот.. не за друго од 5 саат сум на час и стандардното заглавување по 4 саати.. тупење мозок пред монитор и ајдеееее пишувај кодови... а очите бумбар ке ми бидат.. знам однапред денов дека ке ми биде никаков а да продолжам да неспијам нема да издршам до вечер.. нема да бидам способен нишо да напраам..
па и снегов па.. кај се погоди да му е*ам матер.. цела ноќ чистам снег.. таман ке исчистам 5 6 метри позади мене коа ке видам па бело е.. еееееее па да ти се сневиди... не дека сакам бе кајги.. морам.. мама и тато неможат да чистат снег инвалиди се а се плашат да газат по снег зашо може да паднат а мора да одат на работа сабајле.. Пу да ти ибам и денот и вечерта ваква.. ај идам да спијам колку толку барем.. неможам веќе да издржам....
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Снег, и шо.
Морам да цапам после со рибарски чизми ако сакам да стигнам до просторија на проба.
Ме боли нешто стомак, ќе да е од сендвичот што го изедов вчера во 12 саат...
Мамурна сум без да сум напиена.
Татко ми го грабна несоница вчера, и ми седеше во соба, раскажувајќи ми како учел дактилографија во војска, гледајќи ме мене како тропам по тастатура, семинарска во која, по случајност или не, главната тема беше несоницата.
Сама сум дома, поим неам каде е родителската единица, а оставиле да се вари цвекло.
Мјаукам и кенкам и ме фаќа хистерија.
Утре сме во Хавана! Не се возбудувам, среќна сум, се ок. Зошто не се возбудувам? Дај да се возбудам. Еве--:vozbud:
Добро, го надминав тој фурачки момент. Професија си е професија. Ноу мор хоби, така мислам јас.
Уринарниот тракт се опраи, сам од себе.
Многу чаеви, топли ќебиња, и сексуална активност, велат помага.
Ја мислам дека е пласибо ефект :)
Нејсе, денес денов ми е трасиран од ратраци.
Утре сабајле ќе се мушнам кај него во кревет, ах навистина сакам!
Ми се јаде од Мекдоналдс, ептен.
И тоа не мини оброче, него се’ што може да се нарача. Да пукнам од срам после изеденото.
Пратив и семинарски и есеи, главата мирна, ама што...
За една недела пак ќе треба да си трубам мозок со распаднати системи на јазикот, драмски дејствија, маки и шурење за последна рата од мојот факултетски живот.
Сум положила драма, со чудни поени. Добри, али чудни.
Можда сум латентен ФДУ-ист.
Ајт бегам сеа, ќе средувам низ соба, зошто сама сум 4 дена и некако ми фали сестра ми, замисли.:baeh:
Асиметрии секаде.
Медс.
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Пази сега кога ќе испуцам некој whimsical пост во печеснаес реда удолу, среде сите распустовско-депресивни confessions :)
Мене дома ми мириса на мандарини.
Во шпорет има остатоци од пица, во фрижидер од вино.
Кафево ми е со цимет.
Лексикологија сум до тешката лекција. Ме предизвикува маме и.
Ќеиф ми е шо нема да дојдам во Скопје барем уште 10 дена.
Ќе и се тупнам на Иви после да и ја видам новата дома. Може и Нането ќе ја соберам, да одмори очи докторски. Ќе и се јавиме на Жуц и ќе се смееме.
Бојам белина во розово.
Иам такви пижами и калци. Стајлиш за по дома. И розево венче.
Зошто да биде плаво кога може да е розево, м? Бар на жолта позадина.

Имам морбидни, кловновски завеси у соба.
Промени.
Утре.
Можеби.

п.с. океј не се печеснаес.
Инспирацијата спие.
Во другата соба.
Нека.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Добро утро мила

Моли се мила да ти биде добро пошо како идат деновиве се плашам дека секој нов ден, секое ново утро ни носи само несреќи и тага.
Во оваа опуштена утринска атмосфера во прекрасното бело скопје, каде секој со своја мисла, секој со свои проблеми се обидува да ги пробие патиштата низ снегот и да ги реши своите животни или неживотни прашања, јас безгрижно си го пијам утринското кафе, а до мене на кревет баба ми лафи и лафи за животот. Колку само тој е суров и непредвидлив...знае она,се плаши за нас, како ке не биде понатаму...
Ех, мила не сум ти кажала дека за Нова Година сум си прошла топ, бев со личноста шо ја сакам и двајца други и онака баше баш како шо си замислувавме.
Ладно е! Овоа скoпјево неможам да го поднесам поради парново што го има да го ебам, плаќаш а пак е ладно нц нц нц...ај доста лафам и ја, откај баба ми ја слушам овде ми ја поду главата...
Епа мили мои пијте го кафето(само пазете да не се изгорите ако е жешко)
мислете на убави работи и уживајте во животот и на снегот надвор дур не се стопил...на здравје
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Јас ама стварно не се препознавам периодов.Нит знам што ми е, нит се противам на истото туку само дозволувам да си дејствува.
Енивејс, како што кај сите имаше еуфорија за Нова година, сега кај мене има за Бадник и Божиќ:vozbud:.Мммммм, дефинитивно најубавите празници!
Треба да искачам, а така ме мрзи да станам да се облекувам да се тинтрам и се` тоа... Али кога морам, ќе го праам тоа, one way or another.

п.с.пукнете хејтери на снегот!пукнете!ќе врне, ќе истура!муахахахахаха!
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Снег бе.СНЕГ!
И тоа раскашавен!!!
Чоек у продавница да не може да отиде.
И онаа англичанкана па ... се запнала .. ти и викаш грешка она упорно ѕвони .. будала!
Е "боље" будење никад не сум имала!
Ај чао.

п.с морав негде да се пожалам
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Мммммм, добро утро.

Мислам дека подобро и не можеше да биде. Оваа зима или снегот или човекот или ѕвездите или Сатурн во деветтата куќа будат во мене страст што е тешко да се заузда.
И сите овие ствари шо се дешаваат у мене у моментов - и тука не мислам на дигестивниот процес - се тешко описливи, ама убави. Оваа романтична снежна атмосфера надвор, сигурно има врска со све.
А замисли, вчера за малку ќе си отидев. За тоцку ->____.
Треба да сум поуплашена отколку што сум.
И оваа чудна коинциденција? Две е случајност, три е веќе... oh well, и на најтежок скептик као мене ќе му побуди јанѕа.
Не знам зашо сум ти вака депре, ваљда ради ова:

Али екшли баш сум спокојна у моментов.
Спокој. Колку е тешко да се достигне и невозможно да се задржи.
Скоро као оргазам.
Пак не спиев ноќеска. Праев позанимливи ствари.
Доручкував куренце од кај Тетка (тие солените стапчиња де, куренцињата), и сеа ќе му оам на Даре на кафе. Иначе паднав пупунец.
После у Џорџтаун на крај света, мора да ја видам Луцка после цела една недела.
А вечер ли се пали тоа паганскиот оган за Бадник? Да пројдам низ комшии, да приберам некоја чашка греена ракија.
Абе ко мали патуљак се радувам коа ќе погледнам низ прозор, еј.

И така.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Анано
Кој измислил јануарска сесија да му се исуши тулето да му се сотре поколението до 27мо колено и да не може чоколадо да јаде.
Надвор има снег, на компјутеров има интернет, во паб има кафе и луѓе за муабет ама јас морам да седам домааа.Така ми е.Баравте, гледајте.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom