Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
К

Кнез Мишкин

Гостин
Драга,

Ми текна да ти се пофалам, јуни нели решив да ги оставам цигариве, епа ги оставив јули со неколку прекини, август скоро цел освен кога бев на контрола па од нервоза испушив 2 кутии, и од тогаш со сега едно 30тина дена немам воошто запалено.
ле стронг ми... :cautious: до кога само. :coffee:

Конечно му ја најдов финтата на апаратот за пуканки, испукав едно 5-6 тури и сите ги изедов, изгледав 6 филма, ја изгледав екранизацијата на Идиот од Достоевски цели 10 серии и можам да кажам секоја чест за режисерот, опфатил скоро се, има неколку фрагменти испуштено, отфрлено али во глобала одличен серијал.

Ете тоа правев цел ден, а требаше за брат ми да однесам документи за возачка, требаше да учам, требаше, требаше, нема никој дома, заминаа по конгреси, садови нема кој да ми измие... ја не можам садови да мијам, досадна работа е тоа...
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.774
Поени од реакции
8.037
Ме мава тешка депресија вечерва, то е, така и ми треба... кога не се научив да живеам ко сите нормални луѓе, да се однесувам безчувствително и лошо.

... ми треба сон, мир, незнам... да се изгубам некаде, да ме снема. Ако треба и да отидам на другиот свет, нема да ми биде мака... само да ме снема.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.638
Поени од реакции
31.857
Дали може да се каже дека ми летнало пилето ако сум седнал да учам на кревет со музика во позадина, постепено почнувам да денсам во ритамот на песната и така несвесно се исклучувам една минута дури да се сетам со шо намера сум тргнал на кај страниците од книгата?! Или пак предметов ми е толку глуп (не тежок значи, туку глуп) Јавни финансии, чисто економски а јас си сакам нешто поправно чунки правен учам.
Ајде нека оди песнава во позадина да се знај барем на ,,шо ми летна пилето"
п.с
Ми фали времето ко ја чекав саботата за да излезам и уживам во некоја рок свирка со добaр избор на песни од алтернативната сцена наменети за одреден број на публика и слично-мисленици. Тибам кичерајот и нашминканоста


 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.379
Поени од реакции
4.924
Сега ко ќе е нај јако, сега треба да се почнува да се учи.
Абе каде вака, ништо не прајме.
Ќе си напрам некое јако викендче кое ќе ми започне од Четврток. Ќе се исклучам вкрај за тие 4 дена.
Само така малце кеш да се имаше, не многу..
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
периодов ми е тиња некако. устварни не знам кои зборови да ги употребам за да ја доловам ситуацијата.
како прво не можам да спијам како што треба, ако заспиајам имам чудни сонови т.е. кошмари, после се нешто глупаво, чудно, безврска ми се случува :tapp: од чиста мира некои луѓе почнав мнооогу да ги мразам, а пак со други да се приврзувам. друго ме мрзи да објаснувам, а објаснувал, а не исто ми се фаќа..........
едвај чекам да помине овој период дефинитивно
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Па сум пишела глупости.... ха ха ха
Смешки, пишувам тоа што го мислам! И форумов ми се одмили, пошто дури на него не можиш да кажиш тоа што го мислиш!
А НА НЕКОГО АКО ГО БОЛИ, НЕКА ...ПЕДЕРСКА НАЦИЈА СМЕ И ТОЧКА!
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.632
Поени од реакции
22.368
Драга Кајгана,

уште сме на ниво на доближувајна но ќе ти кажам дека увидов дека првиот почеток може често да биде и погрешен дури штетен. Имено, со некој луѓе за кој што су мислел на почеток дека немаме да бидеме никојпат блиски и дека тие се пролазни познаници, станавме верни другари. Не важи она надвор од очите надвор од умот со нив. Затоа Драга, да си знајш, некојпат вториот и третиот впечаток е подобар од првиот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Фатив да читам книги у последно време, ама книги - книги, не такви гиковски компјутерџиски ко што имам цела полица, мајка ми се чуди, на баење сака да ме носи. Барем научни се овие, уште да беа некои романтични и попот Ставре ќе го викнеа да ме прска со света вода.

Треба да се седне да се учи ама кога гледам колку небитни работи има на нашиве факултети ми се одмилува се али ај во оваа терсене држава што е правилно. Ќе те листам уште некоја минута од телефонов па ќе се вратам на книгите :vozbud:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Сериозно мислам дека има луѓе кои се вработени да коментираат по линкови за тажни вести со еден ист коментар - Sto lajknuvate be debili? Ova ne e za lajknuvanje.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom