Ова сум јас. Тотално се пронајдов...

Секогаш меланхолично и носталгично се присетувам на минати времиња, минати луѓе, моменти, ситници и цврсто се држам за нив, затоа што знам дека тоа е единственото сигурно, единствената константа. Нешто што поминало не може да се промени. А јас не сакам промени. Навистина не сакам. Ретко. Има исклучоци, но тие само го потврдуваат правилото. И можам носталгично да зборувам за порано, за тоа како било, за тоа што се променило. И додека одам по улица се случува да осетам некој мирис кој ме потсеќа на дамнешни, дури и подзаборавени времиња. И тогаш влегувам во свој филм... и убаво ми е. Затоа што дува ветер, го чувствувам воздухот кој ми ја бушави косата, па потоа ги ставам слушалиците на уши, пуштам некои носталгични песни и си седнувам на некои мои одредени омилени места на кои сакам да одам кога сакам да бидам сама. И сум меланхолична. И убаво ми е. Затоа што тогаш не размислувам на тоа што е сега, не се оптоварувам со иднината. Туку јас сум сама со спомените...
Некогаш кога ќе помислам на минатото ми паѓа тежина на срцето, затоа што знам дека нема да се врати, ама од друга страна ми предизвикува и насмевка, затоа што имало пар моменти кога навистина сум била среќна, со луѓе кои што сум била среќна... и иако некои работи секогаш ќе останат некаде далеку, јас секогаш ќе се присеќавам со задоволство.
Е сега, ги има и оние, грдине спомени, грдите моменти, ама тие ги поттиснувам и си шибам напред... Нема потреба да се присеќавам и емотивно повторно да ги преживувам.