Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Кајгано
сите ја сакат есента пошто можат да ги намирисат звуците и да ги вкусат боите и шо ти незнам какви синестези,а изгледа само јас ја сакам пошто летото беше излезено од пеколо и не се крепеше поќе
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266

Да драга... Непредвидлива, со посебна харизма, ладна а сепак топли нечии срца...:pipi:
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Кајганќе си слушнала ли за Јани? (Yanni)????
Ма многу ми е гајле што е грк, прави најјака музика у свет. Го сакам.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.026
Поени од реакции
36.807
Boou :D

Утре факс :D

Периодот во кој ќе се доизградам како личност и после следува оној озбилниот живот :D

Еве и една трака од Гуруруруру


Is this really the end?
Or is it a new beginning?
A new reality

So many misconceptions
So many evil deceptions
I've come to give direction
For I am the lifesaver

So many misconceptions
So many evil deceptions
I've come to give direction
For I am the lifesaver

п.с наскоро

smoke chuba chuba. im excited :D
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Денес сфатив дека ме палат девојки на кои им бараат лична карта кога купуваат алкохол :love:
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Драга...

Мене кога бев бруцош, само ме донесоа во Скопје ми ги дадоа стварите и си заминаа- за брат ми цели церемонии и процедури :facepalm:
Како и таа прва вечер кога ме оставија, а немав интернет па висев по прозори да фатам некоја мрежичка, истото го правам и оваа вечер.:cool:
Другото се е различно... и јас сум.
Влегов на Фемина форум чепкав и најдов една тема по која што сфатив дека 70% од жениве имаат желба да пробаат со жена, макар еднаш :D
Драга, имам некои чувство дека многу работи ќе се сменат, дека многу промени ми следат... Нека бидат само позитивни, доста е од тие другите.
Те читам цела недела и забележав една интересна појава- сите се жалат од благи „депресии“ периодов, од пад на расположение и слично. Значи има нешто во воздухот.. А тоа нешто и мене ме фатило.(n)
Еј, уште нешто- тогаш пред шест години кога висев на прозор вечерта, имав и зошто, имав и поради кого, сега појма немам зошто висам. Онака...

До наредно...
Еспањола.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
224
Поени од реакции
159
Драга кајгана...зошто, зошто, зошто....
Зошто немам никаков талент, зошто не ме бива за ништо?
Зошто неможам и јас да пишувам убави поезии?
Зошто секогаш доцна ми текнува што требало да кажам?
Зошто немам сенс за хумор?
Зошто има војна во Сирија,а во Америка нема?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.119
Поени од реакции
30.184
Премногу сум уморна, а немам време да се одморам.
Би сакала да можам да тргнам некаде, без компас, да видам каде ќе ме носи патот.
Да фатам воз и да се разбудам на последната станица.
Да отидам каде што никогаш не сум била.
Да запознаам нова интересна личност.
Одамна не сум имала авантура во животов.
Ми треба некој шамар за да видам каде се изгубив.
Тоа.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Драга,
Секогаш се фаќаме за ситници,скоро никогаш не ја согледуваме суштината. Понекогаш сум толку гневен на човечкиот род, што ми доаѓа да рикам од бес, да се откажам од се, од целиот систем и да заминам некаде далеку. Најчесто во раните утрински часови пак, ме фаќа некоја хистерија, желба за успех, но утрото со секој нов слој од магла ги уништува сите мои надежи.
Кај отиде љубовта, она нешто поради кое се воделе ратови, се пролевало крв, се славело после секоја победа. Не зборам само за онаа љубов меѓу машко и девојка, туку љубовта меѓу два браќа, љубовта кон родителите. Зар е убаво да гледаш како нечии родители, нечии баба и дедо останале сами, нема кој да им помогне, да им купи леб и млеко, а нив реумата ги фаќа со промена на времето. Што мислат они убаво ќе си поминат така во животот. Па не верувам. Барем еднаш помогнете, и ќе видите како ќе им светнат очите.
Системот го уништивме физички сега ни останува да се мачиме со нашите јадови.
Да не се повторувам. Не бе, не вртам нов лист, земам шлепер и празнам цел стан се селам у некоја пустелија...
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Драга



мојот прв AIMP3 скин базиран на windows8.
Да бе пер ја го праев. Подочњациве ми се сведоци.
Еве ти линк за AIMP3 и скинот.
Копи пасте инсталација.
Фала, знам дека е убав.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Ne mi se stanuva. Kasnam 2 casa. Is this fair? Why isn't life fair?!
Mrzam esen I zima! MRZAM!!!!
Ko u Holandija da sum!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom