„Терапијата“ која ми ја предложи мојата најдобра другарка вродила со плод. Книгите, смеењето, музиката, воздухот... си го сториле своето.
Деновиве решив да се проверам до каде сум и ... ЛУДНИЦА! Не можам да се препознаам, бе... Имав некоја работа надвор од Скопје и ме запре полиција пред Тетово. Порано намерно правев некоја глупост за џандарите да ме запрат и да им пукам сеир, еднаш со еден се убедувавме дека позиционите светла се средни, толку многу го збркав што не му текнуваше каде се долгите светла. Овој пат не можев да се препознаам, му дадов документи и си седев у кола, не му пукнав никаков сеир, а се погоди еден глуп дилбер... абе плачеше за ремет. Замисли ми пресметуваше колку години сум возела, колку години поминале од 2001 до сега
, сега додека го пишувам ова се чудам како се воздржав, ама пак да дојде - пак ќе куртули. Се` ми е под конец, абе и собата ми е средена цакум пакум. Не знам како да ти објаснам... абе, сега можам и мемоарите од Гзим Острени да ги прочитам, до таму е дојдена работава.
Не знам што е следно. Да отидам на ДНК и да ја пеам „
авион“?!
Кога сме веќе кај песната, девојките во спотот се далеку од авиони. Може да бидат вагони од македонски железници, а не авиони!
Ај, уживај.