Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
К

Кики.

Гостин
Драга,
конечно воздух...
Цел ден читам современа поезија, пијам чај и „уживам“ во осаменоста. И срам да му е на Leonard Cohen за песнава: http://www.youtube.com/watch?v=9aRKZFR5imM
Еве ти дел од тоа што го читам: :)

The Broken Mirror

My life is almost over; that's a fact
Statistically derived but simply true;
I look into the mirror, but it's cracked

And so reflects two, three, or more, that lack
Cohesion. Which one's goal shall I pursue—
My life is almost over; that's a fact—

In time remaining? Luggage largely packed,
Past boxed and crated, little left to do,
I look into the mirror, but it's cracked

And won't be fixed and always did refract
The one before it into at least two.
My life is almost over; that's a fact,

But life cannot be lived in the abstract
And begs for certainties that it once knew:
I look into the mirror, but it's cracked;

I look away in search of the exact;
Nights melt the shadow shrinking from my view;
I look into the mirror, but it's cracked.
My life is almost over; that's my fact.

David Berman


Поздрав Драга. :)
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Денес цревата си ги оставив на паркет.
Ме фана невоза, си реков доста си го терам животов по куфери. Од кога прв пат у животов на 14 години се спакував, стално ми останува пола облека у куфер дека нема место.
Господата си ги фатија шкафовите за капути и јакни, зимска облека. Собата ми ја претворија у туѓ гардеробер.
Ми фујна филмот, па имам и јас куќа, ако не сум тука често. Земав еден огромен пакет, и почнав да ги вадам од сите шкафови алиштата.
Со саати само вадев, па со саати диплев, со саати прередував, па ги ставав моите - со саати.
Така ми помина цел ден. Додека да се сместам,додека да ги изнесам. Ми текна сега дури, 20 дена пред пак да си заминам, ама ако.
И за да се мотивирам повеќе, си направив овошен сладолед и го оставив да замрзне, за од кога се ќе средам, од кога ќе се избањам, да се истегнам и да си го завршам опуштено напнатиов ден.
И така пред фамозни 5 минути ја завршив целата работа, го отворам фрижидерот и - сладоледот ми го изеле.
Епа се расплакав од мака.
Плачев пред мајка ми ко мало дете, а она кутрата готова да оди и да ми купи сладолед.
А јас на речиси 18 години цимолам ко мало дете и се дерам у десет саат оти ми го изеле сладоледот кој го чував цел ден за да си се наградам.
Е така. И уште плачам.
И повеќе ми се плаче кога ќе сфатам оти не е до сладоледот.
Ми се плаче оти мразам кога ми фаќаат и најмала работа без да ме прашаат.
Оти со моите седумнаесет, скромни метро ипол ем три сантима и нескромна емотивност раширена у пет метра радиус каде и да застанам, се што имав вложив во среќата на моите, во тоа они да се задоволни, мачејќи се да ја надокнадам големата загуба што ја имавме се лишив и од обични прошетки, само да бидам покрај нив. Не жалам за тоа. Пак би го направила.
Ама проблемот е што заборавив на себе. Скроз.
Ете, и за тоа ми се плаче.
Знам дека и мајка ми истото би го направила за мене, и знам каква е таа безусловна љубов, ама јас ја претерав - преку сите можни граници.
Е плачи сега, и траќај се. Може некој ќе дојде и ќе ти смати сладолед, освен мајка ти.
Немаше да ми биде криво ни ако го изедеше она.
Најболно од се е што знаеше а ми криеше.
За сладоледот.
А за другите работи?
Останува уште јас да се пикнам у куферот и некоја виша сила да ме носи мене сега.
И онака нема што да барам овде.
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Кајгич
Што убаво сум се најадела патлиџани, пиперки и праз или т.н летна манџа од пусти стрв не чекав ни да се излади па затоа непцата ми се изгорени сега ама ако не ми е жал битно јас си се најадов од манџичката. :)
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.363
Поени од реакции
1.831
kajgi toplo bese deneska epten
sea sevrativ od veridba od kaj drugar otide i on uste 4 ostanavemea edvaj stojam kajgiiiiiiiii
top pominav i na kraj tuka samo da ti kazam helloooooooooooooooooooooooooo
 

АнаКаренина

Muy Tranquilo
Член од
30 јуни 2012
Мислења
104
Поени од реакции
228
Се чувствувам некако празно. Ми треба нешто да ме исполни.
If you know what I mean...
Оfc. you know.
И сега треба да чекам уште 12 дена.
Абе што да ти кажам. Лупетам глупости.
И да Fringe од септември на МТВ 1.
Дали тоа се ближи крајот на светот? Очигледно.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Првпат у живот ја да аднам на фб некој што не го знам и тапа искочи.

Иначе, само да одржам coolness периодов и после ќе ве частам сите ако треба (ова го викам пошо за собири се пријавуваат 2,3ца :D ). Особено Кики што постирала поезија, мада не ја познавам.

Бтв гледам сте збореле малце за колумната. Колумната беше толку добра што коментарите на таа страна беа без поента, односно она старото: па дајте акција, доста зборови. Па тоа може да се одговори на било што, кога тој што чита се осеќа засегнат и благо навреден а нема аргументи за да се спротистави... Особено ја знам што сакал авторот да каже зошто сум на границата на два света. Исто и со муабетот за мажите и жените, кога исто имам доста искуство. Него да не се фалам по форуми и да довршам што сум почнала...
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Src, I sometimes wonder, why all of this has to be complicated?
Kao, sakam da si lezam doma I ke mi stane dosadno, at some point, pa ke moram da stanam and do smthn. Zosto ne me ostaat taka. Da vidime sto ke mi tekne da praam.
A ne so sila da me teraat u skolo da idam ili so sila da praat lots of things.
Cudna rabota se lugjeto. Ne gi ostavame da se iskazat.
Leave them alone and see what they'll do.
They just might do a useful thing.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
Многу ми е жешко в соба. може 50 степени има, не се живее.
инаку деновиве верувај дека не можев да си најдам слободно време за мене.....од гости што имавме (јбг имаме многу фамилија по странство) :X3: и сега дури од пред нецел саат малку од малку си дојдов на себе.
се истуширав и конечно сум сам во собава. инаку кој ти не спиеше овде и кој не седеше in this fucking room. конечно СЛОБОДАААааааААА...
конечно малку одмор и за мене како што треба.
у п.м. :LOL:

п.с. не треба да се чудам зошто има 50 степени во сабава....до сега 1000 души се премотаа, заминаа, дојдоа, останаа, спиеја, станаа (братучеди, кумови, роднини, пријатели....) и од толку гужви кај ќе биде нормално внатре???? ама ај отворени се сите можни прозорци и тераси, белки ќе дојде воздух.......
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Денес цревата си ги оставив на паркет.
Ме фана невоза, си реков доста си го терам животов по куфери. Од кога прв пат у животов на 14 години се спакував, стално ми останува пола облека у куфер дека нема место.
Господата си ги фатија шкафовите за капути и јакни, зимска облека. Собата ми ја претворија у туѓ гардеробер.
Ми фујна филмот, па имам и јас куќа, ако не сум тука често. Земав еден огромен пакет, и почнав да ги вадам од сите шкафови алиштата.
Со саати само вадев, па со саати диплев, со саати прередував, па ги ставав моите - со саати.
Така ми помина цел ден. Додека да се сместам,додека да ги изнесам. Ми текна сега дури, 20 дена пред пак да си заминам, ама ако.
И за да се мотивирам повеќе, си направив овошен сладолед и го оставив да замрзне, за од кога се ќе средам, од кога ќе се избањам, да се истегнам и да си го завршам опуштено напнатиов ден.
И така пред фамозни 5 минути ја завршив целата работа, го отворам фрижидерот и - сладоледот ми го изеле.
Епа се расплакав од мака.
Плачев пред мајка ми ко мало дете, а она кутрата готова да оди и да ми купи сладолед.
А јас на речиси 18 години цимолам ко мало дете и се дерам у десет саат оти ми го изеле сладоледот кој го чував цел ден за да си се наградам.
Е така. И уште плачам.
И повеќе ми се плаче кога ќе сфатам оти не е до сладоледот.
Ми се плаче оти мразам кога ми фаќаат и најмала работа без да ме прашаат.
Оти со моите седумнаесет, скромни метро ипол ем три сантима и нескромна емотивност раширена у пет метра радиус каде и да застанам, се што имав вложив во среќата на моите, во тоа они да се задоволни, мачејќи се да ја надокнадам големата загуба што ја имавме се лишив и од обични прошетки, само да бидам покрај нив. Не жалам за тоа. Пак би го направила.
Ама проблемот е што заборавив на себе. Скроз.
Ете, и за тоа ми се плаче.
Знам дека и мајка ми истото би го направила за мене, и знам каква е таа безусловна љубов, ама јас ја претерав - преку сите можни граници.
Е плачи сега, и траќај се. Може некој ќе дојде и ќе ти смати сладолед, освен мајка ти.
Немаше да ми биде криво ни ако го изедеше она.
Најболно од се е што знаеше а ми криеше.
За сладоледот.
А за другите работи?
Останува уште јас да се пикнам у куферот и некоја виша сила да ме носи мене сега.
И онака нема што да барам овде.
Ме потсети на мојот живот. Куферите, загубата, плачењето за ситница, а со страшна позадина, со огромна причина. Со откажувањето од себе за другите кои ги сакаш повеќе од себе.
Само знај дека по некое време ке научиш да се носиш со загубата, дека ке боли исто, само ке научиш да живееш и да не покажуваш. Ке научиш да ги селектираш чувствата кои ги добиваш и ке направиш штит околу тебе.
А после ке дојде момент кога ке сфатиш дека си дала се од себе за другите, а тебе те нема. Дека толку си се потрошила, што не знаш која си.
Затоа, дај се од себе за тие што ги сакаш, загуби се за нив, ама не заборавај да се пронајдеш кога веќе нема да им требаш. Чувај грутка сила за себе, за понатаму. И ке бидеш среќна. Еден ден. Ама онака вистински.
И сори што ти солам памет, ама мене немаше кој да ми каже како е. Се надевам дека твојата болка е помала од мојата. Иако за секого својата е најголема.

Тоа имав да и го кажам нејзе, Кајгано. А тебе да ти кажам дека ако уште некој го сподели линкон со депилирањето и како било штетно и како треба сите да бидеме смрдливци и џбунови, ке почнам да верувам дека луѓето сакаат да бидат влакнести. Дури и жени споделуат...Ај, маж ко маж, мора да има влакна...ама девојче да каже дека не треба да си ја депилира....Забегав јас.

Пијам кафе веќе 4ти саат. Истото. Пола кило кафе испив. Одлично е да си на одмор. Утре одам на уживање. Ке ме нема 3 дена. Ке бидам затворена во шатор, со непробојни ѕидови од алапачења. Моб исклучен.

Смрзнав од ноќно бањање, мислам дека вчера еден бубрег и еден јајник ми откажаа. Денеска сум со капки за нос.

Заборавив да кажам фала за песната од Пол Елијар. Ретко има такви луѓе кои можат да ме сфатат за што зборувам и кога сама не знам за што точно. Само некои мораат да бидат паметни, а некои плавуши на веков.

И глупо е кога имаш попаметен телефон од себе. Правев 100 пати неупешен чек ин, за да сфатам на крај дека несакајќи и несвесно допирм ГПС на телефонот и он не може да најде локација. Да умрев вчера, ке бев убедена дека телефонот сам си кажуе што сака кога сака. И ке го носам на поправка, мојот паметњакович се расипа.

И другарките ме зафркаваа цела вечер дека не знам што е романтика. Па не знам бе...за мене тоа е непотребно потрошено време. Може и ке научам.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
К, песната ме расплачува секогаш... Еве ти и ти да плачеш ...
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Ќе експлодирам од ова исчекување! Почнуваат секакви мисли да ми се шетаат низ глава, пробувам да ги елиминирам ама засега нема некаков успех.
Само посакувам се да заврши добро, да биде така како што отсекогаш замислував и копнеев :)
Патем, песнава деновиве не можам од глава да ја извадам :)
 
M

MrzaRules

Гостин
Драга...

па Саша Матич да ја правеше, поубава ќе беше! Овоа од кал ли е направено? :facepalm:
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Излеговме денес со мачорот у град, да си направиме ќеиф.
Интересно беше, смеење, гнетење сладолед, локање лимонади
Посолено со моите непотребни паники што ми ги движеа алиштата по закачалките у бутиците.
А градов тапа...
од саат време шетање ме фати тага од што е празен, полн со омраза.
Не знам дали е до мене, или до нешто друго. Но празен е.
Таков празен најбргу и најквалитетно ме заситува. Прави да сакам да дувнам што е можно подалеку. :sick:
Но,да гледаме на посветлата страна, водени боици, листови, шлакање прсти, мачкање нијанси.
Се ќе биде во ред, но најмногу ме погоди едно старче што возеше кола у центар и му вриштеше звучникот со балкансково срање.
Одам да станам растение. :facepalm:

П.С. За спомеников на Тоше, од гроб да не му земавте скица вака шо излегол? :eek:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom