Денес цревата си ги оставив на паркет.
Ме фана невоза, си реков доста си го терам животов по куфери. Од кога прв пат у животов на 14 години се спакував, стално ми останува пола облека у куфер дека нема место.
Господата си ги фатија шкафовите за капути и јакни, зимска облека. Собата ми ја претворија у туѓ гардеробер.
Ми фујна филмот, па имам и јас куќа, ако не сум тука често. Земав еден огромен пакет, и почнав да ги вадам од сите шкафови алиштата.
Со саати само вадев, па со саати диплев, со саати прередував, па ги ставав моите - со саати.
Така ми помина цел ден. Додека да се сместам,додека да ги изнесам. Ми текна сега дури, 20 дена пред пак да си заминам, ама ако.
И за да се мотивирам повеќе, си направив овошен сладолед и го оставив да замрзне, за од кога се ќе средам, од кога ќе се избањам, да се истегнам и да си го завршам опуштено напнатиов ден.
И така пред фамозни 5 минути ја завршив целата работа, го отворам фрижидерот и - сладоледот ми го изеле.
Епа се расплакав од мака.
Плачев пред мајка ми ко мало дете, а она кутрата готова да оди и да ми купи сладолед.
А јас на речиси 18 години цимолам ко мало дете и се дерам у десет саат оти ми го изеле сладоледот кој го чував цел ден за да си се наградам.
Е така. И уште плачам.
И повеќе ми се плаче кога ќе сфатам оти не е до сладоледот.
Ми се плаче оти мразам кога ми фаќаат и најмала работа без да ме прашаат.
Оти со моите седумнаесет, скромни метро ипол ем три сантима и нескромна емотивност раширена у пет метра радиус каде и да застанам, се што имав вложив во среќата на моите, во тоа они да се задоволни, мачејќи се да ја надокнадам големата загуба што ја имавме се лишив и од обични прошетки, само да бидам покрај нив. Не жалам за тоа. Пак би го направила.
Ама проблемот е што заборавив на себе. Скроз.
Ете, и за тоа ми се плаче.
Знам дека и мајка ми истото би го направила за мене, и знам каква е таа безусловна љубов, ама јас ја претерав - преку сите можни граници.
Е плачи сега, и траќај се. Може некој ќе дојде и ќе ти смати сладолед, освен мајка ти.
Немаше да ми биде криво ни ако го изедеше она.
Најболно од се е што знаеше а ми криеше.
За сладоледот.
А за другите работи?
Останува уште јас да се пикнам у куферот и некоја виша сила да ме носи мене сега.
И онака нема што да барам овде.
Ме потсети на мојот живот. Куферите, загубата, плачењето за ситница, а со страшна позадина, со огромна причина. Со откажувањето од себе за другите кои ги сакаш повеќе од себе.
Само знај дека по некое време ке научиш да се носиш со загубата, дека ке боли исто, само ке научиш да живееш и да не покажуваш. Ке научиш да ги селектираш чувствата кои ги добиваш и ке направиш штит околу тебе.
А после ке дојде момент кога ке сфатиш дека си дала се од себе за другите, а тебе те нема. Дека толку си се потрошила, што не знаш која си.
Затоа, дај се од себе за тие што ги сакаш, загуби се за нив, ама не заборавај да се пронајдеш кога веќе нема да им требаш. Чувај грутка сила за себе, за понатаму. И ке бидеш среќна. Еден ден. Ама онака вистински.
И сори што ти солам памет, ама мене немаше кој да ми каже како е. Се надевам дека твојата болка е помала од мојата. Иако за секого својата е најголема.
Тоа имав да и го кажам нејзе, Кајгано. А тебе да ти кажам дека ако уште некој го сподели линкон со депилирањето и како било штетно и како треба сите да бидеме смрдливци и џбунови, ке почнам да верувам дека луѓето сакаат да бидат влакнести. Дури и жени споделуат...Ај, маж ко маж, мора да има влакна...ама девојче да каже дека не треба да си ја депилира....Забегав јас.
Пијам кафе веќе 4ти саат. Истото. Пола кило кафе испив. Одлично е да си на одмор. Утре одам на уживање. Ке ме нема 3 дена. Ке бидам затворена во шатор, со непробојни ѕидови од алапачења. Моб исклучен.
Смрзнав од ноќно бањање, мислам дека вчера еден бубрег и еден јајник ми откажаа. Денеска сум со капки за нос.
Заборавив да кажам фала за песната од Пол Елијар. Ретко има такви луѓе кои можат да ме сфатат за што зборувам и кога сама не знам за што точно. Само некои мораат да бидат паметни, а некои плавуши на веков.
И глупо е кога имаш попаметен телефон од себе. Правев 100 пати неупешен чек ин, за да сфатам на крај дека несакајќи и несвесно допирм ГПС на телефонот и он не може да најде локација. Да умрев вчера, ке бев убедена дека телефонот сам си кажуе што сака кога сака. И ке го носам на поправка, мојот паметњакович се расипа.
И другарките ме зафркаваа цела вечер дека не знам што е романтика. Па не знам бе...за мене тоа е непотребно потрошено време. Може и ке научам.