Не можеш да бидеш жител и на микро и на макроопштеството.
Онда можеш да се зближиш со луѓе кои постојано зборуваат за нехуманоста и црнчињата во Африка, мислејќи си колку се само овие луѓе фини, но истите тие без да трепнат можат да ја скинат цела комуникација и со тебе и со другите во својот живот. Под изговор дека општеството е нефер.
Од друга страна имаш луѓе кои сакаат да остават груба претстава за себе, а уствари имаат ранлива душа и нејќат да бидат повредени. Тие можда нема да донираат за бездомни деца и сл се` дур не им тропнеш на врата, ама имаат изградено грижа за луѓето во својата околина.
Не можете да бидете all over the place. Секогаш ми се сомнителни оние што пробуваат да бидат пријатели со сите или што ми пропагираат за world peace. Засега сме како мравки, овде и сега, колку можеме да придонесеме за светот - е онолку колку што можеме да придонесеме за луѓето во својата непосредна околина, плус можда некоја донација за африка. Да го смениме макроопштеството, не можеме. Да бидеме такозвани жители на светот, не можеме. Заебете давањето пари на циганчиња по улица ако не сте способни (не парично) да ги најдете правите лекарства и начини на лечење за родителите.
Друго, огорчена сум и потсмевливите тврдења на моите дека уште на млади години сум си ја зацрнила душата се веројатно точни. Уште сум студент, али радо би се вработила и би имала деца пошто остарев, страв ми е дека почнав да се уморувам не само од проблеми, туку и од секојдневие.