Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Кајгана, доцна адолесценција е лоша работа :))) Ама затоа пак, јас сум возрасна и ке попуштам.
Иначе, одвај чекам да заврне. Косава не можам да си ја средам, бушава сум веќе 5 дена. На моите им ветив дека повеќе ке се врткам дома, и дека веќе нема да скитам толку :) А сите сме свесни дека уште утре ке избегам :) Само да ми се јави некој да одиме некаде, и јас сум веќе во патиките. Пред еден саат си дојдов и веќе планирам кај ке одам утре. Убавина и проклетство е да си стрелец. Скиташ насекаде, ама најблиските секогаш ги гледаш на 5 минути додека распакуваш една торбица и полниш друга, пискаш кај ти се чорапите и им викаш, глејте на фб како сум си поминала.



А да...среќа тоа фб што измисли некои работи да ти се јавни, некои само за пријатели а некои само еден-двајца.

И ова го имам кажано неколку пати, ама сега и јавно - на некои луѓе не знам како да им вратам за несебичното дарување на среќни моменти во мојот живот. Силните прегратки, охрабрувањето во тешките моменти, моментите на молчење и совршена тишина и уживање, возењето по автопатите, разглобувањето на ставови и јадењето топено сирење...Наздравувањето по 20 пати со една кригла и секогаш за различна причина...Направените ситници од луѓето се мојот рај.

А, да. Dancing is my life.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.771
Поени од реакции
8.034
Сакам се во животот да биде едноставно и убаво, сакам сите луѓе да бидаат среќни и здрави, никому ништо да не му недостасува... едноставно се да биде прекрасно и совршено!

... толку ли е тешко таков свет да се створи? :(
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Еј Кајгано,

Не знам дали сум ти кажала, најголема причина зашто излегувам на терасава е мирисот на омекнувачот кој го осеќам секоја вечер... :)

И да, кога би морала да бирам, би ја одбрала Kirsten Dunst да ме игра во филм, никој друг не би можел да ја долови меланхолијата. :)

 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
well hello there, remember me?
Кајгана драга, заборавив на форумов некое време.. дооолго време, но еве сум назад, па прво да си се најавам тука.
Ти благодарам што и покрај тоа што те шитнав и те оставив, можам да ти се вратам без да ми се лутиш и да ти кажам се што сакам... Посакувам и животот да беше таков.
Среќен нов ден ! :)
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
може да останев дома поубаво ќе си поминев искрено.
тамам почна свиркава ете ти инспекција, полиција, бла бла...
малолетници вриеше внатре. 300 глупости.
ајт у пм се нека иде. не ми се праи муабет.
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Драга,

станав во 9, излегов купив се шо ми треба, легнав во 2 и место во 3 да ме скорнат, станав во 6.
Пред малце за 10 мин незнам како заспав, му реков на мачето не ми звони ќе спијам, и по 5 мин ете го тој, да ти кажам те сакам, абе душичка е. :( Дремев до сеа, и изгледа и до сабајле ќе дремам така. Понеделник тргам на одмор, џоа ќе го враќав биоритамов ама ништо не бидна и од тоа.
Кога не оди нешо не оди.
Се мразам најмногу, не ни знам како ќе издржувам од понеделник, ваљда на плажа ќе спијам. -.-
Ете така...биди ми поздравена.
 
L

Ligeia

Гостин
Драга моја најмила...вечерва бев домаќин на една од полегендарните журки во мојата историја.Моите отидоа на одмор и цела куќа поштено ја демолиравме.Јас не сум пијана,се извади мојот домаќинлук на површина и цело време трчав да дотурам за пиење,да пуштам музика и да кревам атмосфера.Најјакиот момент беше кога со девојките игравме на прскалките на тревата.Се направивме утоп и не можам да им ги заборавам фаците на момците во тој момент. :D
п.с ми викнаа полиција кога беше најжустро т.е на оваа песна и игравме men vs. women :


Како што можеш да приметиш не сум во станица,средивме работа и се извлеков само со прва опомена.Добра ти ноќ.:icon_lol:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Секое утро просечен Македонец облечен во модерна кинеска облека, пие бразилско кафе, седнува со француски автомобил, купува француско пециво за појадок, се вози по улици асфалтирани од германски донации, влегува во својата канцеларија опремена со турско-кинески канцелариски мебел.

Таму го вклучува тајванскиот компјутер и на Англиски јазик си ги извршува работните должности.

Кога се враќа дома ги мие рацете со турски сапун, го отвара словенскиот фрижидер и од него вади конзервирана туна со потекло од Тајланд, си сипува српско пиво, го пали јужнокорејскиот телевизор и ужива во турските серии, додека го лади индонезиски клима уред.

Е тоа е мојата убава земја Македонија !!!

 
Член од
8 јуни 2012
Мислења
374
Поени од реакции
830
Драга
Не можам да ги разберам луѓево единствена животна цел во животот им е мажачката, неколку другарки ми се омажија, останатите планират да се омажат, само за тоа зборуваат.
Навистина ми се чудни не можам да разберам, уште од 22, 23 години мажење, па луѓе има и други убави работи во животот.
Јас не сакам да се мажам, се плашам од обврски, сеуште не сум спремна да се врзам.
Би сакала прво да имам долга врска со личноста, па после да се одлучам за такво нешто..... а не уште првата недела да се земам со некој што не го знам доволно...;)

Друго нешто не можам да разберам:
Како можат најдобрите другарки да кријат дека се во врска....... па и уште кога ќе ги прашаш ти викат, "немам дечко јас".:confused:



tumblr_m7j98iCbRN1rt11dm.jpg

Ве поздравувам со едно песниче

http://www.youtube.com/watch?v=euOfEGDji44

Бидете ми поздравени.
Имајте убав ден.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Драга,

Ја прочитав Бедни луѓе по трет пат и кога ќе размислиш нема голема разлика во прикаската од денешнава ситуација, сиромашните тонат во беда, а богатите си останаа богати, грабаат ли грабаат небаре мислат ќе живеат цела вечност...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.725
Поени од реакции
13.464
Passed down to you...
Лето пуно дружба. Од јуни до септември.
Со нетрпение во очекување на другарка ми.
So says Saladin...

P.S. Слабо пишувам тука коа сум презафатен со еуфорија, не?
--- надополнето: 22 јули 2012 во 20:13 ---
Passed down to you...
Лето пуно дружба. Од јуни до септември.
Со нетрпение во очекување на другарка ми.
So says Saladin...

P.S. Слабо пишувам тука коа сум презафатен со еуфорија, не?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom