Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
He told me he loved me, I sneezed and said: Sorry, I'm allergic to bullshit.:ROFLMAO::LOL:

:pipi:

Весело започна денов, расположено... Има потенцијал да биде уште подобар, иако е изгор жешко надвор.(y)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Драга Кајгана. Морам да изразам незадоволство од квалитетот на дискусиите на твоите подфоруми. Мислењата на твоите членови lately ме навраќаат на една епизода од Star Trek, Spock's Brain, во која Mr. Spock го губи мозокот и Captain Kirk тргнува во потрага по него.

Особено на оваа сцена од епизодата:
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Драга,

Обожавам мирис на липа. Некое олеснување чуствувам. Знам често да се напнам без причина, но јас не би била јас доколку не би го направила тоа :D Изволи песна

 
M

Moon Child

Гостин
Драга, па добро бе, зарем во 21 век, кога постојат разни препарати за чистење плочки и тоалет со убав мирис, некој мие со солна киселина? И тоа сред бел ден на овие жештини? Ми корне цела куќа на смрдливо јајце!
Не, некои луѓе немаат осет, дефинитивно, ама ова има на вратот да им го извадам. Ме убива главоболка!
Многу грдо се осеќам. Многу:confused:
 
M

MrzaRules

Гостин
ооо Драга..шо е со жештиниве бе брааат :confused: ќе полудам од жешково :eek:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
чувството кога ќе пронајдеш по форумиве некој што го познаваш во живо :pos: тој/таа се крие и е претставен/а како сосема поинаква личност.......а всушност ти му го знаеш вистинското лице.
пронајдов две такви особи.
една комшивка и една роднина :)
цела вечер остав да им ги читам мислењата уште од кога биле зачленети.....хаха
чувството е бесценето :pos:
 
П

Пепси_

Гостин
Не знаат како да ги потрошат исперените пари па ги пикат во џебовите на нивните внуци и ги праќат на.....(дополни некое егзотично патување). :свиркам:
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Кајгана, некои работи се случуваат без да сака човек. Некои луѓе ти се појавуваат во животот, и едноставно мораш да ги сакаш,без да знаеш зошто. И покрај тоа што се у минус 200.

Си ги сретнал некаде, одамна, на поминување, ти се врежале во глава, си мислел на нив дури и кога не си ги познавал, и наеднаш стануваат дел од животот.

Многу е чуден животот. Дремеш до некој, не можеш да се наситиш од мирисот на кожата, а знаеш дека еден ебен ден тоа ке заврши. Ама не можам да прекинам да се надевам и да се трудам. Уствари, не се трудам, само сум јас. Јас сум таа, баш таму, на тоа место, вистинската. Надвор од тие ролетни, сум друга.

И тој ебен ден, ке си недостигам. А до тогаш има да бидам јас со сета сила, ке уживам и ке се сакам каква сум покрај нив.

И фала му на Бог што ми ја даде шансата да се чувствувам така. Одвај чекам да дојде денот Д кога ке го исклучам телефонот. А тоа не е далеку.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Драга, па добро бе, зарем во 21 век, кога постојат разни препарати за чистење плочки и тоалет со убав мирис, некој мие со солна киселина? И тоа сред бел ден на овие жештини? Ми корне цела куќа на смрдливо јајце!
Не, некои луѓе немаат осет, дефинитивно, ама ова има на вратот да им го извадам. Ме убива главоболка!
Многу грдо се осеќам. Многу:confused:

:pos: Прими сочуство:pos:
 

ivana87

magic is everywhere
Член од
7 јуни 2007
Мислења
1.613
Поени од реакции
220
Драга денес сум во ретро мууд :cool:
 
H

HITCH

Гостин
Денес е ден на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски (15. јуни)

Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архиереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек по име Анастас и го крсти овој човек. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид. За ова беше обвинет кај царот Максимијан, којшто во тоа време престојуваше во Илирија. Царот го изведе пред бакарната статуа на Ѕевс и му нареди да принесе жртва и да му се поклони на идолот. Свети Еразмо направи со благодатта, па од статуата излезе страшен змеј и го исплаши сиот народ. И пак направи светителот со благодатта и змејот пцовиса. Тогаш светителот Го проповедаше Христа и крсти дваесет илјади души. Огорчен царот нареди и ги заклаа сите овие дваесет илјади христијани, а Еразмо го стави на тешки маки, па потоа го фрли во затвор. Но му се јави ангел Божји, како некогаш на Светиот апостол Петар и го изведе Еразмо од затворот. По ова овој Божји слуга отиде во Кампанија, каде што им го проповедаше Евангелието на луѓето, па повторно се врати во градот Хермелија, каде што се повлече во една пештера, во која се подвизуваше до смртта. Пред смртта трипати се поклони кон исток и со воздигнати раце Му се молеше на Бога, Бог да им ги прости гревовите и да им подари вечен живот на оние коишто со вера ќе го повикуваат неговото име. На крајот од молитвата се слушна глас од небото: „Нека биде како што се молеше, исцелителу мој Еразмо!“ Сиот радосен светителот погледна уште еднаш на небото и го виде венецот на славата кога се спушташе на него и виде хорови ангели, пророци, апостоли и маченици, кои приоѓаа да ја примат неговата душа. Најпосле самиот возвикна: „Господи, прими го духот мој!“ и издивна, во 303 година. Пештерата со црквичката на Свети Еразмо и денес стои недалеку од Охрид и од неа и до денес се пројавува големата сила на овој Божји угодник, свештеномаченик Еразмо.

Вечно име!​
И надвор од темата: ах, кога би знаеле кое срање е овде... Некако, никој не знае како, се` испадна џабе. Мисирков прашал: шчо напраифме? Одговорот е поразителен - НИШЧО, не мрднавме од мртва точка. Ете, уште си дремеме така `ко накиснати мачки на раскрсница, а дожд ниту за лек. Луѓе наоколу еден куп, а да ги бараш за работа никаде нема да ги најдеш, дури ќе заборавиш дека постојат. Дури кога ги гледам вака од далеку се` повеќе ми изгледаат како оние африканскине племиња кога повикуваат дожд, де на една страна, де на друга страна. It`s fuckin` monster world!​

куче.jpg


Последнава недела сум `ко кучево на последнава слика... :вонзем: Ја ни сам одавде.
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
уживање со поезијата на Десанка Максимовиќ и џез во позадина... Морав да се смирам после напорниов ден. :noze:
Колку е тешко да се вратиш 2 страни назад во индексот и да се потпишеш? Требаше денес да ја прашам З.Н., ама не, јас не ја сфаќам тежината на вртењето 2 странички и ставање еден глупав потпис. И уште нешто... Како е можно на правен да има 300 студенти (од прилика кажувам број), кои дипломираат секоја година и не ги исцрпиле темите, а кај нас со едвај 30 дипломирани годишно да се исцрпат темите? :tapp: Како врв на сето тоа не можело да се земе превод, туку само анализи и споредби - ние 4 години ги поминавме без да напишеме една анализа, а тие за дипломска анализа ми бараат...:mad:
И така Драга, сега ќе треба да измислувам тема, која никој пред мене не ја бранел и ќе чекам 5 недели за да видат дали ја има истата или ја нема...:mad:
Ајде поздрав... Еве ти една да се смириш од мене:
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Што убаво ме изненадија моите:X3:Цели два дена ќе ги нема заедно со сестра ми што значи станот е мој, само мој!:X3: Нема да се фурам предвреме ама, можно е ако се направи некоја добра организација да испадне викендов доста интересен.
Убаа вечер инаку, релаксирана и со многу смеење :).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom