Драга,
уживам во тостот и еспресото и во тмурново време кое ми дава мотивациjа да седнам и да ги спремам сите испити

Ти посакувам убав ден <3
хм, пиев еспресо, времето е такво... пак ме мрзи да учам. Мора да е до тостот, МОРА !!!
хеј, по обичај пишувам у темава само кога имам колоквиумска, па ај да не ја прекршам традицијата, ваљда среќа некоја ми држи... Шта да ти причам, викенд у кој сум заглавен дома и треба да учам, а ја не учам... класика! I must go out now, али ти ветувам вечер го греам столчето.
п.с. back in time, точно 10 години од денеска...
19.мај.2002, во доцните вечерни часови, скопскиот плоштад така празен, ненасетувајќи дека за 10 години ќе личи на хиподром почнува да се полни со народ. Чудна коинциденција, сите се облечени во жолто или зелено.
Низ другите улици на Скопје и низ другите градови, штама... Сите се пред телевизорите... После час ипол борба, Зоран Видевски тогаш сеуште неоќелавен но со зарипнат глас извикува:
... пет секунди до крајот, Кастратовиќ - Будимир, цепелин и гооооооооооооооооооооол !!! Кометал е европски шампион!
10 години после тоа, уште се ежам на тој момент...
http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=70231