Кајги,
Денов ми помина супер за никаде, прво се испокарав дома сабајлечки со старите, не се трпат више како мали деца се, и јас сум крива, наместо да чутам кога ќе лупнам некој збор лупнат ќе остане. Потоа една на фитнес не ми збори за глупости, ама мразам кога за никакви глупости јас испаѓам крива, ма гајле ми е и за неа, што сака нека си мисли, ја ќе се правам глупава ќе и речам два дена по ред здраво а таа глава врти, јас сум таква чутам, и сите ме знаат таква, ама кога ќе видам што не чини и кога ќе им го кажам тоа во лице, тогаш јас не чинам. Потоа оној мојон ме изнервира, тој што прави се, испаѓа како цвеќе за мирисање, не тој ништо лошо не прави, само јас сум кривата за се и сешто. Ми се меша во приватни работи, а знае дека тоа најмногу ме иритира, па уште се пофали господинот некои згодни девојки му дошле на работа. Јас се нервирам завршив факултет подобро и тој да не го завршев криво ми е што не отидов уште на почетокот на информатички науки, а не сега да учам, знам дека до нигде не сум html, css, ова ми е само почеток вежбам 5 дена по ред, а имав и претходно нешто така читано, знам дека нема скоро ништо да биде,ама нема да се откажам, може ќе поминат година две а и повеќе да вежбам, да се усовршам и да се запишам на некој курс, и да им покажам и им ги затнам устите на моине и на сите други што мислат дека не сакам да работам, се утепав од огласи пратење и ништо, јас знам сама како ми е мене сега, не ми е лесно ич, но кога се сака нешто кога се има мотив и желба, се прави. Го очекувам денот кога ќе станам веб дизајнер, ќе работам в канцеларија со згодни машки па ќе го видам и мојон тогаш како ќе изреагира, и кога ќе земам доволно плата за мене, а не за 7000ден сега да одам во некој бутик и да останам така цел живот, сакам да напредувам, млада сум и знам дека ќе успеам
