Здраво, здраво... викаат една слика, илјада зборови, па ете, за да не пишувам 1000 зборови, еве ти една слика (со пар зборови).
И така ти викам јас...
Уште 20 дена.
Иначе има снег насекаде, а мене не ми се излага од дома и најрадо би лежела во кревет и би читала книги по цел ден. И би пиела кафиња во големи шољи и ќе се трујам со цигари.
Не ми е јасно, навистина не ми е јасно, зошто понекогаш не можам да уживам во работите и животот како и сите останати нормални луѓе и да не се замарам со секоја можна ситница на која ќе налетам. Поголем overthinker од мене, се уште не сум запознала, а сигурна сум дека има и други будали како мене.
И не треба да гледам толку романтични филмови, дефинитивно. Само уште повеќе се разочарувам.
Тоа е тоа. Депресија ради док људи спавају.
У февруариво, покрај се останато, и компјутерот не ме сака, а чак што више и хороскопот е против мене.