Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кај си ма Кајгана ма да ти га натепам...овај среќна нова разбираш со све твоите корисници :P
 
Драга,
Среќна Нова Година!
Денес, традиционално уживам со Виенскиот новогодишен концерт ( МТВ ја гледам еднаш годишно само поради концертов). После ќе има некое добро филмче, плус некоја книга и супер ќе ми биде дома. :)
Ајде Драга, поздрав ( ми фали некое емот-иконче во божиќен стил) :)
 
Драга К.

Луѓето се најгнасните, најзлобните и најподлите животни. Онака новогодишно од душа ти зборам. Сите тие маски, искривени ликови, лицемерни погледи ме јадат од внатре, како црви малку по малку. Зошто се осеќам ко странец на светов? Упс заборавив човек сум. И јас сум одвратен и беден на некои луѓе. И се така во круг. Срање. Го листам Бодлер и онака од прва налетувам на „На читателот“ :

Глупоста, грешката и скржавоста се збрани
во нашиот дух; низ нас секоја од нив рове;
ние си ја храниме нашата лоша совест
како гадинките питачот што си ги храни.

И така. Денеска го вртам „Ѕидот“ десет пати. Ми одговара на мојата душевна состојба. Нека ми простат форумчиите што ширам меланхолија и сум патетичен како тринаесет годишна тинејџерка кога пишува за првата бубуљица што и излегла на лицето. Остани ми со здравје.


Some sunny day?
 
Драга,
Како прво-Нека ти е среќна новата година.
Како второ-Нека е среќна новата година на сите твои членови.
Како трето-Нека е среќна новата година и на сите твои посетители.

Ај доста е сега за сега :)
 
Имав најубаво будење во 2012, морам да признаам. За се’ е заслужна Љубовта.
 
Првиот пост годинава ти го посветувам на тебе мала. :)

Оставив зад мене една убава и успешна година, од секој гледан аспект и на секое поле :D .. Шетњи имаше многу, запознав и зближив со пар :cool: фацки, експресно стартував како бруцош на економски и поминав одлични проводи, проследени со многу смеа и весели моменти со блиските и оние кои нешто ми значат.

Инаку сношти супер си поминавме. Бевме во едно мало кафанче, 4 големи друштва го исполнивме цело. Дозата беше на место + се покажавме како домаќини ипол и ги задоволивме апетите на гостите од секој агол. ;)

И така влеговме во нова година и ќе си ја тераме со нова нафака (што би рекле старите). The show must go on !!
 
Нервозен сум и тоа многу, се вратив од викендица и во станов немам вода воопшто, мислам имам едно шише од литар и не знам што да правам со него. Капак на тоа соседот ми кажа дека пукнала цевка и имало интервенција од Комуналец кои ќе дојдат во вторник за да го одстранат дефектот.
Не сум туширан од четврток и последниве два дена се препотив неколку пати, ми се сере и пробувам да истраам до утре за да појдам да наточам вода од кај старине неколку туби за таа намена.
Ми се јаде супа ама имам само еден литар вода и утре сабајле ќе нема да можам да се сварам кафе ако го потрошам на тоа, капак на се еден пријател ме викна да му правам друштво каде ќе има неколку пријателки кој јас не ги познавам, пошто во последно време запознавам нови личности во мојот живот по 0.5 месечно во просек ова ќе ми беше како некоја катарза.

Само да кажам уште дека на Грујо му стои супер небеско сина врска со тегет костум.
 
Добив визија пред некоја минута, се видов себеси во костум класичен со вратоврска и сите дрангулии, во левата рака држев шампањ и наздравував. Костум никогаш немам носено а шампањ не пијам....
 
malboro u ustima viskoze pun mi bokal,
bacicu mu bombu u gajbu i na lokal !!!

 
Хахааа, знаеш како викаат ...
Како ти почнал првиот ден, таква ќе ти биде целата година.
Мене ми почна ептен домаќински. Прво туш, па измив сите садови, кафе сварив, ја разбудив со убава песна, :love: направив појадок, продолжив да си пијам цел ден константно, цел ден се тркалавме, во меѓувреме телефонски разговори со луѓе кои значат, а не се блиску, малку скајп-мајп Марлен Диетrиch, вечера со А. и К., и на крај таа заспа изморена.


Иако се чувствував прилично ваков едно време, сепак се` добро помина.

padne.jpg
 

Драга... Еве една песничка посветена на ''оние'' ..

Пуши к*р за тоа си ти родена .. за што друго мори ?? ХААА !! Имаш ли ти хоби ? ХАААА !! Те пробив !! ХАААА !! Плачи, крвари, ме задоволи !! ХАААА !!

Дудо цар ..
 
Lamur од Guy J ремиксана од Henry Saiz ми е трака број 1 во последниве 2години.Дали годинава ќе се појави некоја која ќе ме фрла од патики како оваа?
 
Мислам дека од олку секирации и стресови ќе си умрам на 30 :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom