Не чини нешто на празник да ковам заговори.
Му се насмевнав на странецот наречен Желба.
Вчера во Менада, цела Франција се распосла пред мене. Од мачорот лош, со вареното вино и галетите со колбас, до Луис Армстронг и Одри Тату споредбите. По костените напикани по џебови, одиграв едно танго со Месечината на плоштад. За 10 денари, бакшиш, си се флертнавме по еднаш. Чисто поради радост. Ми шетаа луѓе пред неа!
На работа сум, очајно ми се јаде туна салата, ко мачор со брк мрдам лево десно и слушам Род Стјуарт. Басот ми лупа во срце, а колегиве ми вриштат на рамо.
Го сакам ко јаболко што сака да му се вдоми црвче. Симболично сосема!
Се’ нека запре, само снегов нека се појави.
Ми недостига студот, оној пред Коледарскиот. И мирисот на портокал и корки од мандарини по радијатори. И сармата што крчка во ритам на мутавките украси што се лулаат на балкон.
Ми се кити, ми се радува. Ми се прават убавини, декември ми е старт на љубовната меланхолија и спиењето заедно со ноџиња на колк и бакнежи по врат.
Се заљубувам ко трупец, ко верверица, ко лудо младо.
Качи се момче на коњааа, ајде земи мееее!
Отидов на пауза, ми се јаде тоС, со мрС, ах.
Изгледа освен што сум залетана, читам блогови и одам на работа, ништо друго не правам?
Поим немам.