Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 октомври 2011
Мислења
249
Поени од реакции
65
draga kajgana uste malku pa nova godina.......uste sega mi se ide da ja nakitam elkata,da turam sijalicki,da si kupam garderoba,da isplaniram.....ovoj pat sakam da si pominam ekstra so tipceto,posle 3godini konecno so decko za nova godina ura
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Кајги

Толку се искомерцијализира тоа „свое Јас“ што и шуто и сакато го користат без никакво искуство, знаење, размислување, без срам и перде. :) Официјално таквите зборови ќе ги прогласам за поими на квази-интелигенцијата. Или на 14-годишните. Јас тогаш го користев и ми беше некаков репер. Не дека сега, после 3-4 години сум кизнај колку попаметна или нешто, ама ваљда имам некое поголемо искуство и сум прочитала некоја книга плус xD и признавам, има луѓе што ме закопале многу јако кога сум ги натрупувала во глупави реченици. Благословени да се! :D
Во принцип сум против цензура на книгите, но понекогаш очајно е потребна, за да не излетуваат луѓето со секакви бисери. Бидејќи навистина има глупави, а убедливи книги.

Поздрав4е к@jg@н4е, јас имам ден полн обврски ^.^ :*
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кајгич знаеш они состаноци на слепо - пар, сингл грл и ти (мислам не ти де, туку јас). Бљак, ама ќе идам шо, ме убија овие парот шо се ( ќе дојдеш и ќе дојдеш и ќе дојдеш) башка и досадно ми е. Си мислев вака нешо. Ти бејб знаеш дека сакам алкохол ( сеа не сум хроника де али така Боем де). Чарлс Буковски сум го читал и сакам да го читам чат пат али нишо шо е напишал не ми оставило толкав впечаток како овие негови зборови, али ќе парафразирам затоа не ми замерувај (оти неќам на инглиш да ти го пишам), значи :

" Пијанството е емотивна ствар. Пијанството ви ја треси рутината на секојдневието. Го вади умот од вашето тело и го шљака на ѕид. Имам чуство дека пијанството е еден вид на самоубиство, кај шо можеш да се вратиш во живот наредниот ден и да почнеш одново. Тоа ти е како убиство на самиот себе и истовремено оживување. Претпоставувам дека до денес имам потрошено околу 10-15000 животи."

Не е Буковски фраер кој пишува само за секс и дрољи, ц. И он воли да попие ( такви сме сите ние уметниците или шо се осеќаме ко уметници).И Ернест Хемингвеј и Едгар Алан По и Џек Лондон и јас.

Те сакам Кајгич
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Gotye е фантастичен момент за откривање дур се досадуваш со смислување кореографија по паркет дома.

Следи период на сарма, грав, риба, грав, сарма, пак грав, тук таму риба, праз, сарма, сарма и на крај пак сарма.
Си купив локално недоречена чизлоштикма (ги презирам таквите абјектни категории на обувки) ама морав да се спастрам како би заличела на дотерана 24годишна дама.
Во автобус денес бев како избегана од дома. Торба поголема од мене, шарениот шал, со ништо неслагачката јакна и брдо ракавици и карираните патики.

Се плашам да стареам веројатно. А не сум ни па Петра Пан. Можеби само сакам да го вознесам својот свет низ очите на дете-то. Или она што е останато од него.
Слушањето белгискоавстралиски чудак со вампирски заби не помага.
Сум била контејнер за информации.
Јас пак мислам дека сум џубокс, неточна енциклопедија и мал илустрован готвач.
Книжевни лудила, моите колеги веќе ги распнуваат по медиуми. Јас, работам свиткана ко ѓеврек и сонувам ова време некогаш да имам албум, бебе во стомак и фикуси на балкон што ќе ги јадат глувци.
Бронтевски.
Како што Готје милува да рече, гласот сеуште одекнува низ сите наши разговори. Ехо на вечна есен, или што да е.
Се вратив, Драга.
Се вратив.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Шо филм е бе овај шо има 1640 симнувања и тоа со TS снимка?

 

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Кајга...Колку љубоморни девојки околу мене тоа е чудо...Отсекогаш сум лепела некои незадоволни кучки кои кога ќе ме видат ЛУДУВААТ и незнаат како да напаѓаат попрво ....Им ја рушам перцепцијата дека се они најпаметни најубави и најпосакувани и се плашат за свој опстанок покрај мене....Чудно но јас не доживувам никого така како они мене.......Много ископлексирани оревчиња упс девојчиња има;):icon_mrgr:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Драга,
Последни подготовки пред Рим, целодневни шетања, светлина, мирис на Италијанска храна, вкусот на виното, кафе, позитивна енергија, милозвучниот јазик, стил и уникатност.
Одам да уживам...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ми треба бајка и добра книга. Ако дојдат во пакет, уште подобро. И онака најубавите бајки се само во книгите.

Ми треба позитивец. Онаков човек кој се смее постојано и те убедува да не рипаш од мостот, денес е сончево и баш е убаво, утре се спрема олуја и пак е убаво. Постојат ли уште таквите?

Ми треба мирис на цимет. Ме смирува.

И ми треба музиката на барем еден Џеф, оти носи во други светови. И далеку од овде и блиску до себе.

Ми треба барем едно утро кај баба ми. И мирисот на нејзините пржени кришки. И чувството на безгрижност во тој дом и покрај сите грижи. Дури и да доживеам сто години, таа куќа ќе ме потсетува на безгрижност и мир. Затоа и сакам да живеам во неа.


 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ...

оваа мајка ми како ме мести тоа е чудо ... неколку недели по ред таман ќе ја извади правосмукалката и негде ќе отиде и се јас да правам .... :(

И Драга ...

сакам да фрлам бомба во метрополис арена сега и одма, дали сум нормална?
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
^ Па мислам дека и двете сме нормални, бидејќи и јас ќе ти се приклучам во остварување на идејата.

Драга
Во последно време повеќе лоши работи од добри ми се случуваат, вчерва беше врвот ама ако уште едно искуство повеќе, ќе биде подобро.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom