1 Декември, тежок ден, да сончев со ладен воздух, кога го вдишувам тој воздух не осеќам ништо, бидејќи јас сум поладна од него!
Надеж - цел живот се тешам со неа, но да не се лажеме ТЕШКО оди. Тежок ќе биде овој месец. Времето ми е кнап, почнува уште една недела колоквиумска недела... а јас немам желба да учам. НО МОРАМ!
Малку сила ми дава вчерашната вест што ми ја кажаја мојте, на 19 ќе дојде тетка ми од Германија после цели 13 години...Едвај чекам да ја видам. Но освен неа доаѓа уште една личност која многу ми значи,а ме разочара...Во моментов кога го смислував текстов бев на час по кинезиологија и учевме за СИЛА! Сакав пажливо да слушам. но таа личност ми ја одземаше концентрацијата. Ќе ми треба многу сила да го издржам ова, на самата помисла срцето ми трепери... ќе излезе мислам во секој момент, очекувам тахикардија:/
Секако дека нема да ме викне да се видиме на кафе, но некое проклето чувство во мене ми кажува дека ќе ја сретнам, а нема да знам како да изреагирам.... Многу сакам да ја гушнам да знае дека од секогаш ми значела, но во истиот тој момент би сакала да ја удрам, да и се развикам, бидејќи многууу ме повреди, а не го заслужив тоа... Ништо не барам од неа, само да ми каже зашто прекина да се дружи со мене да ја знам причината и ќе спијам мирно.... но никогаш нема да си добијам одговор. ЈАС имам грижа на совест наместоо таа, дури не ни размислува на тоа како ми е на мене. ДА, ТОА БОЛИ! БОЛИ плачењето без солзи.. напната сум, се осеќам осамено иако околу мене има многу луѓе... незнам кому да верувам, понекогаш не си верувам ни на самата себе. Болното е исто тоа што сите бараат од мене да ги разберам, а мене некој да ме разбере???!!!
Она проклето чувство кога неможеш да земеш воздух, и таа проклера грутка во градите не ти дозволува ништо, ниту да дишеш, ниту да јадеш, ниту да пиеш... За ништо немаш желба затоа што не си разбран !!!! Трпам во себе пред другите глумам дека ми е добро несмеана сум, но во сее се дробам, плачам, вриштам, и сето тој бес го истурам дома... НАЖАЛОСТ!
Имам уште многу за пишување но неможам срцето не ми дава, затоа да прекинам додека е време....
Благодарам Драга, сега се враќам на осаменост, болката и тагата !