Драга Кајгана (виртуелен дневник)

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Тој што е исполнет со омраза и мрази -мисли дека сите го мразат
Тој што постојано лаже -мисли дека сите го лажат
Тој што им мисли лошо на другите -панично се плаши од другите, да не му направат лошо
Тој што краде -има опсесивен страв да не биде ограбен
Нестабилна/несигурна/психолабилна личност -без основ се плаши од сите и преплашен се крие во глувчина дупка.
итн.
итн.
итн.
итн.

Се почесто среќаваме, многу чудни сорти на ликови. Никој од нас не е совршен, но некои фаќаат погрешна кривина. Жал ми е за нив.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
645
Поени од реакции
1.770
Драга.

"Зошто толку многу размислуваме за иднината кога можеби и нема да бидеме дел од неа"

Ова го прочитав пред некој ден во коментарите кога почина младиот српски кошаркар и сега секој ден ми одѕвонува во глава.

Колку реално кажано.

Живот.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.677
Поени од реакции
4.793
ДК

Општо гледано и набљудувано од некоја дистанца,кај луѓето ќе приметиш дека најголем проблем е немањето самоконтрола,самодисциплина или самопомагање.
Сите можеме да дадеме совети и тоа е лесно но колку е лесно да го примениш тој совет на самиот себеси?
Многу луѓе бараат помош од надвор,од околности,места,луѓе, итн. Но најважната помош е таа што можеш да си ја пружиш на самиот себеси,таа невидлива борба во која си целиот живот,невидлива оти секој има свој пекол и рај во себе и само самиот тој може да ја види таа борба и да успее да ја насочи кон подобро за себеси,тоа смирение или пак пак има еден друг збор поконтроверзен како - среќа.
Јас имам познаници кои несакаат да слушат други совети,укорувања.. но не е тоа што ми пречи.Него не разбирам зашто не сакаат да си помогнат на самите себеси,само така ќе успеат,само така нема да биде со сила,само така ќе имаш самоконтрола без да бидеш обврзан кон никого освен кон самиот себеси да си стоиш на зборот.Да се извадиш од калта или живиот песок.Дали е тоа некој вид порок или маана,не е важно што е.

И најголемиот парадокс што го гледам е дека за сето тоа што го пишувам е потребно да правиш апсолутно ништо.

Значи лошите навики ги искоренуваш со престанување на нив.т.е. со неправење ништо. Толку ли е тешко да не се прави ништо,да се нема пороци,да не се повторуваат истите грешки.Целата самоконтрола е апстинирањето или неправењето.

Затоа некогаш повеќе одговара она - "Не е важно што правиш,туку што неправиш."
 
Член од
15 јуни 2020
Мислења
240
Поени од реакции
905
Мојот вујко антиваксер не верува во корона и фајзер, верува во апчиња против дијабетес од страница smrsajozbilno.xyz.000host.com. Ако некогаш закачам некои особини од него, земете ја сачмарката, однесете ме некаде на пусто место во мариово на зајдисонце, и пукајте ми во тилот.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Сега бев да си купам нешто за доручек и да земам нешто од кола па искрено се изненадив.
На паркингот на работа, каде што паркираме сите од фирма работи еден просечен албанец што води ред кој платил, кој не бидејќи е зонско паркирање.
Сите ние, нормално си имаме годишна паркинг карта, но сепак е фрекфентен паркинг, па го почастувам од време на време по некој денар да ми ја зирка колата, некој случајно да не ми ја поткачи и слично.

Шала на страна поштен човек, иако е албанец.
Често доаѓа и докај колешката на пулт што ни е, да му го наполни бокалот со топла вода, чај си пие човекот. Нема ништо лошо тука. Секогаш бил фер со мене, исто и јас со него.

Ме изненади пријатно прееска. Кога отклучив кола да земам еден документ беше тука и ми вели. Јас ќе го одам денес порано, да ти кажам. Го прашувам каде толку рано? Ми вели -Абе ќе одам да го примам вакцината.
Го поздравив, му поскав со лесно и му реков да не се плаши.

Браво! Камо сите да се како него во тој поглед.
Иако дури сега прва доза ќе прими човекот, сепак се одлучил да се вакцинира.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Колку отупеа онлајн состаноциве веке сите микрофоните на мјут и угасена камера пошто којзнае кај се, само кликнале join за да не кењаат. Не оди ова вака, мора нешто да се мења у тој сегмент.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Rant до инстаграм инфлуенсерите, пошто знам дека нема да ме прочитаат тука :) Не мора да ставате мелен овес во солени рецепти. Знаеме дека ви е една од ретките храни што "смеете" да ги јадете, али ок. Топ си е во благи само.
 

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.134
Д.К.
Порано од цура до цура имаше разлика-имиџ,понашање,некои повеќе срамежливи некои похрабри,оваа сега ми личи ко штанцање киборзи во бесконечна серија.
Од палетата на емоции кои природно им се вградени,на повеќето им е разработена онаа на лажно-среќна индивидуа (од надвор насмевка до уши(за пред камера) а унатре пичат од бес од неисполнетост)...:coffee:
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Драга,

И ја сакам да ме погоди љубовната стрела ко што го погодила Анон.
Нејсе, јас за друго дојдов..

Најдов студентска работа за два дена, промовирам во Туш некои нови миризливи свеќи на глејд. Ми дадоа и кошула и се осеќам како да сум во Симс. Не знам оти, не прашувај.
Сѐ убаво Кајги, само да не стоев до оние освежувачи за вц шолји на бреф... бре што јака ствар ќе беше тоа.. човек да посака да фати ковид и да изгуби мирис.. не не, Вита, не се шали за такви работи...

Бај д веј и овде луѓето гз не ги боли за новите миризливи свеќи на глејд, стојам како утка и се смешкам на сите што ќе поминат, а тие празно ме гледаат. Само еден дедо ме праша зш стојам тука. И му одговорив и рече дека не е заинтересиран.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom