Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.141
Поени од реакции
28.897
Кајги...
Тежок ден за каталонците 3/6/17...прво Вардар им го начука у ракомет а нешто покасно Реал ја одбрани титулата во ЛШ :coffee:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.944
Сме победувале бе бобче и до сега во нешто, само кој да знае, турски серии и играчница нема за тоа да информираат.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Дoбрo бе кoј ги сoстaвувa прaшaњaтa зa нaшиве “квизoви” ?
Шo oбрaзoвaние имaaт тие,грaдинкa?
Нa цaјт нoт имaше еден куп грешки у oдгoвoрите,пoсебнo тие мaтемaтичките.

Преескa гo глеaм тoј Аренa нa Алфa и прaшaњетo е кoј oд следниве не е влaгoрoден гaс,a вo oдгoвoри хелиум,рaдoн,неoн и кислoрoд и спoред генијaлецoт штo им ги прaви прaшaњaтa,кислoрoд дa ти бил блaгoрoден гaс,a хелиумoт не бил....

:facepalm: :facepalm: :facepalm:

Sent from my LG-H815 using Tapatalk
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.633
Поени од реакции
81.570
Реално последниве 2-3 години колку ги испореметија луѓево со бомби, ќосиња, платформи, федерализации итн... Вакво нешто му требаше на нашиов народ, оваа победа на Вардар му дојде како аналгин на болен заб. Вечерва во земјава немаше патриоти и предавници, сите беа сплотени од сите градови за Вардар. Нека учат копитана во собрание што значи сплотеност на една група луѓе, доста веќе не разнебитуваат, не направија брат со брат да се замразиме.

Конечно и ние малце да почуствуваме радост, и барем за миг заборавивме на нашите проблеми.
 
L

Löwe

Гостин
Ете, бидна и тоа.
ВАРДАР Е 1 ВО ЕВРОПА. ПРВ ВО ЕВРОПА, БРОЈ ЕДЕН, Б Р О Ј Е Д Е Н. ЕВРОПСКИ ШАМПИОН. Е В Р О П С К И Ш А М П И О Н.
И...... во моментите на национално славје и пеење по повод испишаната историја на еден клуб, на еден град, колку треба да си ментално пореметен и ретардиран за да првото што ти падне на памет за да го испееш во тие моменти е “СМРТ ЗА КЛЕТИТЕ ШИ*ТАРИ“ или “O СУЗАНА, ГО ЕБ*В ПЕЛИСТЕР, ЈА ЕБ*В ЦЕЛА БИТОЛА И ЧКЕМБАРИТЕ“? Колку треба да си ретардиран за да ова биде прво што ти падне напамет за пеење во овие историски моменти?
Истотака, колку треба да си ретардиран за да клупскиот успех на Вардар го мешаш со политика? Колку треба да се ретардиран за да напишеш “МУ ДОНЕСЕ СРЕЌА ГРУЕВСКИ ЗАТОА ПОБЕДИЈА, ДА НЕ ОТИДЕШЕ НЕМАШЕ ДА ПОБЕДАТ И ДА ОСВОЈАТ“ или пак да напишеш “ЕТЕ ОДМА СЕ СМЕНИ СО НОВАТА ВЛАДА МУ ТРГНА НА ВАРДАР И ОСВОИ“.

Кој слој од дното го допираме како нација? Оној најдолниот?
-Подолниот и од најдолниот би рекол.

Истотака, колку треба да си ретардиран за да клупскиот успех на Вардар го оспоруваш само заради фактот што имало мал број на Македонци? Утре може и некој Шпанец на Реал ќе им замери за титулава во Лига на Шампиони заради фактот што имаат само тројца Шпанци во стартниот тим и уште 2ца на клупата, вкупно 5.

Прочитајте само дел од коментариве, како другите на Балканот го доживеаа успехот на Вардар, и споредете го со нас.
 
Последно уредено од модератор:

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Гледам неколку пати се спомна квизов Арена (таканаречен квиз) и дечкото што стана познат таму.

Прво, не знаев за квизов дур не чув за дечкото, би рекол на една рака се борјат луѓето кои воопшто нешто чуле за ова претходно откако ги прашав. Значи квизов си пати од помала гледаност. Како да се реши тој проблем? На ист начин што ќе се најде кандидат/ка која ќе биде како учесник во Големиот Брат.

Само ја згрешиле формулата малце, наместо некој Шпага лик, нашле човек со благо-изразен аутизам или некоја ретардација (се гледа од авион дека има ограничувачки проблем човекот) и го ставиле пред светов да биде исмеван. Кај вакви квизови обично има процес на елиминација уште пред да се најават учесниците во некоја емисија. Тука или го немало воопшто, или одлучиле баш тој ден да нема филтри и да пуштат некој таков пред камера. Како и да е, одлуката е свесна, не е како да не знаеле со каква личност ќе водат емисија.

Ефектот е постигнат, сите што не знаеја, вклучително и јас, дознавме што е Арена, благодарение на виралните исечени видеа каде се прикажува господинот како одговара на прашањата. Но по која цена? Имаме таков случај кај нас во фамилија. Дали исто ќе се ругавте, плукавте и потсмевавте дечкото да беше некој ваш роднина? Некој така да го искористи за повеќе прегледи на интернет, за еден вид реклама?

Од една страна плачете како таквите лица не добиваат толку колку што требаат од државата од друга страна ги ругате како најновата турска серија кога моментот за тоа ви се погодил. Со вакво однесување, си ги заслужувате сите гомнарии што ви се случуваат. Патетика од народ!
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.308
Кој знае колку им е тажен животот на овие вчера што го кењаа успехот на Вардар. Па замисли еден ден дете да им се роди и да ги викне на свадба?
"Ех, и што? Ова да славам? Па ова не е мој успех.Он стапува во брак. Јас немам ништо со тоа. И што? Хетеро брак? Тоа е многу хомофобично..и башка син ми стапува во брак со македонка..до кога со овој национализам...и зошто да славиме свадба а да не славиме успеси на научно ниво? До кога оваа малограѓанштина ќе ја славиме наместо да се коцнентрираме кон науката? Села во државата вода немаат он ќе ми троши пари за свадба! Срамота!"
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Драга,

Многу би сакала некогаш да ги разберам луѓево. И нивните постапки. Како пример зошто им е полесно да чекаат некого да ги направи среќни наместо самите да си се направат. Зошто чекаат од некого одобрување за да направат нешто, за да дадат чекор напред. Зошто мислат дека ако кажат "не знам" им е некое оправдување. И зошто по ѓаволите, не учат дека ништо никогаш не е како што планирале.

А посебно би сакала да пробам да ги разберам овие кои мислат дека луѓето не се сеќаваат што им направиле. Дека можат да поминат пола година без правење муабет и после оддеднаш да се вратиш и да очекуваш дека се ќе ти е простено. Сакам да ја имам таа рамнодушност, да видам дали е подобра од постојаната емпатија која јас си ја имам, нека ми е жива и здрава.

Гледам, последниот пат сум го пишала тука прашањето од кое многу стравуваат да си го постават - дали сум среќна? И мислам дека сега би можела да кажам дека сум смирена. Имам некој мир во душата, не комплетен затоа што никогаш ништо не е совршено.

Некако коцките успеав да си ги наредам. Ако успеам и минатото да го оставам позади мене, ќе нема ко мене. Ама луѓе нели, тешко се запознаваат, уште потешко се забораваат.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.015
Драга

Пунам 28! До пред некој месец се шлаев наоколу и кога ќе ме прашаа колку години ијам викав 26 дур не ми кажа човекот... "ummm... Maggie you're 27“
Океј, прво и основно шомајкати! Ми ги урна соништата... Наеднаш остарев за 1 година и не ми беше забавно!!
ВАТЕВЕР! Еве сега ијам 28... И си го дочекав роденденот во секс клуб :цицки:пошо ми се може.
Интензивно искуство.. Имаа кратко ритуалистичко шоу со пијавици. Едно од највтф искуства и кога заврши отидов по пијачка пошо беше тумач..:eek::sick:
Другото беше забавно, мислам дека филмовите доловуваат вистинска слика. Обично ваквите забави се поприватни, ама ова беше интензивно.... диксевривер :giggle:

РОДЕНДЕНННННННННННННННННННН МАЛА ЗАБАВАААААААААААААААААААААААААААААААААА :masa:

чус
 

Kajgana Shop

На врв Bottom