Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.920
Поени од реакции
12.411
Колку си сељак од нула до возам со мотор по кеј и плескам женски што трчаат по газ? Ај да разберам тинејџери, ама мажи од 30 години ....
 
P

Patience

Гостин
За муабетов од погоре, на кеј треба да има некаква контрола, смешно звучи, ама какви луѓе го посетуваат да ти се згади.
Пред неколку години, лето, на пладне, пука сонце надвор викам ај до кеј ролери да повозам. Немаше нешто многу луѓе и ај извозев што извозев, возам накај дома по стаза од кај александар палас накај скејт паркот. И нели меѓу стазата долу и шеталиштето горе е брдо, зелено и на некои места има така побујни дрвца грмушки. Возам и гледам некој има меѓу грмушките, не се гледа убаво, нечии нозе, испружен човек, може нешто му се случило, му се слошило боже мој. Забрзувам, се вртам и тоа еден дедо зел се затскрил и си мастурбира. :facepalm: :popce: Го опцув само у себе и продолжив, ма да сега да ми се случи истово наоѓам некоја прачка и со прачката по него ич не ми чуе. Убо вика Агда раката да му ја скршиш треба. У сред бел ден на кеј, срамота. Да не ве чуди ништо веќе.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
А да си отвориме и тема за манијаци и каде може да ги најдеш? :D

Секаде, многу логично. Но, имаше една будала, мислам се гледаше дека не е нешто токму во главата, што замараше и се мавташе околу Континентал, подвожњакот, а и често се гледаше по тротоар од страната на студентскиот. Глупакот замараше девојчиња по пат, се фалеше дека има голем к*р и дали некоја сакала да го види. Не знам дали го снемало или сменил локација во последно време, се надевам го нема. Во секој случај, ако се движите ноќно време, гледајте да не сте сами, да не ве исплаши некоја ваква слична будала, барем во тој дел имаше неколку.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Како можат бе луѓево вака по шема да живеат? Мислам без навреди, но гледам дека поголемиот број на такви луѓе се од помалите градови, но не дека нема такви и во поголемиве градови во земјава.

Буквално живеат по шема. Завршуваат средно или факултет, уште од основно или средно си имаат ист дечко/девојка, со него/неа се мавтаат како маж и жена да се, уште од самото запознавање они си планираат брак и најголемата кулминација им е кога ќе се вработат и имаат мали плати.

На 25, 26 години веќе свадба прават, влегуваат во брак и за некоја година и бебето стига. Детето трга во школо, а они веќе на 30 и нешто години се сметаат за возрасни, за стари и животот им е составен од работа (каде земаат мали плати) - дома, со цел демек тоа е домаќински и така печалат за семејството. Тоа е се она што им е потребно за нивното семејство, а и нивниот живот.

Јас на овие години уште не можам да се свестам дека истите ги имам. Во мене уште работи детето и јас сонувам само за подобра иднина каде ќе живеам онака како што сум сонувал, а не по некоја шема.

Но од друга страна кога ќе подразмислам, понекогаш тие што живеат по шема можеби се и посреќни од нас кои функционираме и секојдневно се бориме како слободен поединец:noze:
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Три за сто - најбољи гаќи на свет!
Кој пробал - знае! Кисс

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Дали знаеш колкави ми се зениците на очите, како на срнчето бамби :icon_lol:, то од психоделија, медитација, соларна јога и слушање на забегани книги за самопомош самодоверба, јавен говор итн...

Си имам и нова страст ако нозеве ме болат од нејзе еве ја подолу :icon_lol::

 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Види што прочитав по порталите:
1.Ако сите исклучени граѓани од централното греење се вратат повторно на некогашните услуги, експертите пресметале дека месечните сметки ќе се намалат за 10%,
http://build.mk/analizite-potvrduvaat-deka-toplifikatsijata-e-najdobar-nachin-za-greene-na-skopje/
2.Парното може да поевтни до 25 отсто, ако продолжи да расте бројот на приклучени домаќинства на мрежата.
http://sitel.com.mk/optimalno-iskoristuvanje-na-mrezhata-bi-mozhelo-da-go-poevtini-parnoto-i-do-25
3.Целосното искористување на централниот топловоден систем за греење, покрај намалување на цената на услугата за корисниците за околу 25%, ќе овозможи и развој на когенеративното производство на топлинска и електрична енергија и ќе овозможи зголемување на употребата на природен гас, што е стратешка определба на нашата држава. Истовремено тоа ќе значи и намалување на проблемот со загадувањето во Скопје.

Размислувам, што да правам. Дали да се обесам или да се само запалам?
Што ти ми предлагаш?
 
Последно уредено:

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.101
Поени од реакции
16.303
Абе драга ова нема крај бе, реков здив ќе земам ќе одморам мавање дедо ми мозочен удар денес од сабајле. Па добро бе има ова исаф? Знај за крај? До каде бе алооооо, до когааааа? Некни ќе се отепав со колата на сред возење ми летна задното тркало, скроз се откачи ме претекна, за малце не загинав. Некоја будала пробала бандашите да ги кради, сите тркала лабави абе катастрофа,а 2 минути пред то возев салам брзо за влакно куртулив иако ова ко се деси можи да се кажи возев побавно. Денес т.е. вчера дедо ми во 5.30 трас мозочен удар, и си седам си се чудам добро шо згрешив толку. Како да не ми е скурчено собрано и остало? Ај вака ајде логички или било кој член ете тука нека кажи дали е ова нормално еј ито овие 2 настани не се само тие од оваа недела што се случија :pos:(а плачам мајке ми). И да ми се скурчи, ми се скурчи да ми велат мн си добар, оти стално сам се кривиш, биди малце себичен итн итн. МИ СЕ СКУРЧИ ! Жими се ми се чини ако зборот добар го слушнам уште еднаш од било чија уста ќе го убијам. Не мие гајле бе шо ако си добар вакви работи се дешават?

Еминем го сваќам - I just hide behind the tears of a clown - ...... На болница чекавме 2 саати оти компјутерот да се загреел рано сме поше боже господе а чоекот цела лева страна здрвена глата го боли одвај седи па уште иди докторот и се понаша како да си му пошол дома в кревет измеѓу него и жената му. И нормално како мене шо ми е насобрано се, како шо ми е стемнето пред очи и не ми се живеј откачив до немај каде абе ни филтер на уста ништо, се да му ебам никакво. Море сите да ги збркат од работа од еден до последен и да не смеат да се вработат нити да извршват никаква дејност и должност во наредните 10 год да умрат за лепче маму им јебем.

Него Кајги кај да го најдам бе тој ксметот мој вратот да му го скинам пред јас самиот мојот да си го скинам? Мрш упм

Fuck you universe, yours truly

Devi

.!.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Конечно го изгледав 50 нијанси сиво. Сум каснела ми рекоа, имало и втор дел. Ок, каснам јас за се у животот. Иначе филмот, ништо посебно. Само сексот вредеше. Сигурно книгите се поописни. Се сеќавам, имав една бивша колешка беше воодушевена од книгите. Добро, луѓето секогаш се воодушевуват на работи за кои немаат храброст да ги направат. Се прашувам дали се зголеми бројката на submissive и dominant особи после книгите и филмовите? Или луѓето уште само ги сонуваат своите фантазии?
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Кајги, три муабети имам за денес...

Прво, бев на интервјуто за работа што го споменав претходно во еден пост на оваа тема. Ок, не беше ништо лошо, дури фирмата изгледаше убаво средена. Беше понуда за која вредеше да се подразмисли, ама сепак не прифатив. Клучен беше коментарот: „Платата е најмал проблем, лесно ќе се договориме“. Како бе може плата да е најмал проблем? Јесте дека не е се во платата, ама никој бе не работи за лепи очи. Ај да бев невработен па да прифатев, вака да напуштам работно место за да одам во ризик не сакам.

Второ, вчера бев на роденден на другар. Гледам на влезот во кафичот до оној во кој седевме залепен некој постер, реклама за концерт или настан си викам... Од таму кај што седев не можев да прочитам добро, гледам само три големи букви MIZ. Бреј си викам, зар е можно Мизар да дојдат во мојот град? Кога после има што да видам, не било MIZAR туку SMIZLE :pos::pos:

Трето, сега пред малку се вратив од пешачење. И се чудам, како бе може во сончев ден во сабота да нема скоро никој што пешачи во природа? Освен автомобили и по некој мотор ретко сретнав некој да пешачи или да трча. А се кладам дека во исто време пука од народ во кафичите низ градот...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom