Дк,
Се надевам, искрено посакувам цела држава да сме дел од некое реалити шоу без наше знаење, барем сега да има некој кој се смее на се ова шо се дешава, или некој да врши некаков експеримент над нас, шо знам, некакви експериментални глувчиња да сме, бар да не ми криво.
Нешо што било шо ќе ми даде до знаење дека ова не е реално, дека не може во цела еволуција на човековиот вид да еволуира оволку бескичмен народ. 4 партии не можат да се договорат дали денес е понеделник или вторник, да излезе Грујо да каже ќе субвенционираме одгледување на еднорози, пола од народов ќе ги бара еднорозите, ќе излезат Јанко и Пандов ќе кажат дека тоа е многу профитабилен бизнис,tips and tricks нешо.
Јас разбирам дека не секогаш може да му угодиш на секој, стално на некој нешто ќе му фали, ама сосила цела држава да се правиме глупи, па ич не можам да разберам.
Него сабајле Водици. Со години се капиме со сестра ми, ај та -1 та -10 исто ти е, ко ќе е ладно ладно е камен, и онака нишо не осеќаш. И сеа нешо многу ладно ќе било утре и мајка ми ми вика дали ќе сме се капеле,опасно било. Не знам и викам, ќе се договориме. Срам ми е да и кажам дека ми е потешко да станам во 9 сабајле него да скокнам во вода на -10.
Животиште.