Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260

Сум слушнал во животов многу лоши песни, обиди за музика и слично. Но, полошо нешто од ова, не сум видел и чул.

Ама па што да очекуваш од вана би гитарист кој цел живот свири електрична гитара, што не е уклучена на струја и има долга, кучешка мрсна коса. И од човек кој личи на Горан Попов, има тетоважа на врат и се има тепано со Американци во македонска кафана.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу сакам кога прекрасен, сончев ден, (еден од ретките во изминатите месеци), ќе ми се уништи од глупости. Главата ќе ми пукне.
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Мијалков ќе го тужи Заев
Светле ќе биде судија по предметот.
Влатче ќе биде сведок дека парите не биле провизија/украдени туку дека биле донација за мвро
Израелецот ќе биде поротник за се да биде според законите и се да биде кошер.
Мазелтоф.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Се е средено уште коливе останаа. МОРЕ МРШ ! :boksix::yid::pusigo:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.205
Поени од реакции
25.939
Вчера решив да не го гледам гостувањето на генерал Ангелов на Алсат. И денес се заебав да го пуштам на јутуб. Стојанче зборува за помирување со Абедин (веројатно му бил воен другар, па затоа му се обраќа по име), кој тврди дека воени злосторства немало, додека телевизијата домаќин зборовите бранител и бранители му ги титлува во наводници.

На крај, кога ќе разбере во која игра го турнаа и која непоправлива штета му ја направија, ќе треба да ги убие паразитите околу него што го советуваат да ги прави овие глупости.
 
Последно уредено:

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Драга,
За мене пролетта почнува кога ќе почнат пегите да ми се згуснуваат. :X3:
Иначе сеуште си чекам... па и јас не знам што се глупирам, само десет дена поминаа од снимањето. :coffee:
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Jа се изморив. Ја потрошив продуктивноста. Паднав на кондиција пошо сакав маратонот да го почнам лабаво и после со спринт да си финиширам фино лепо. Малце се заебав.
И сеа ми дрнка Џими, пијам млеко шо го отворив синоќа и ме мрзи да спаднам до доле да си купам за јадење.
Не конзумирав ни од сонцето денес.
Ни не дишев нешо посебно.
Ни не глеав многу.
Преку дваесет петминутни дремки од сабајле. Едно пола саат со слушалките на ушите не слушав ништо. Па ги тргнав и си пуштив музика. Ооод дамна се неам наспиено. Шо ми е убаво вака со млад дух. Никоаш нема да умрам вака.
 

Gea

месечинка
Член од
11 октомври 2011
Мислења
217
Поени од реакции
720
Сандаче со пораки полно, чиниш лек за рак давам по поволна цена!
Мажи, вие тоа, сериозно?
Не се бара партнер за размножавање тука, на социјални мрежи. Обично с(м)е...тешки, терсен, анонимни или евентуално зафатени. (Божесачувај ама некогаш и грди)
Прошетајте.
Можам да се вљубам во збор. Ама претпочитам да се вљубам во личност. Реална. Да се вљубам во нејзиниот збор, пишан ли е непишан, мисла, дух, ум. А тоа, не се пиксели.
Ноу хард филингс, онака, на тема виртуелно љубење. Како некој што некогаш паднал на збор, пишан, онака фино лепо се излизгал на своето стопено срце од топлите зборови ладно искуцани.

Шубав ден.
:pipi:
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.307
Поени од реакции
10.320
Кеј,

Конечно решив што сакам овој период од себе и што претставува проблем кој треба да се реши.Седнав вчера со татко ми и решивме што решивме ама битно решивме.Во наредните три месеца ќе треба да станувам у седум.Се почуствував три пати полесен отколку што бев завчера.Ова требаше да се случи малку порано.Ама ете ја и лекција број неам поима кој во мојот живот, штиклирај таму научена и нема потреба од повторување.Првото дете што ќе го имам сто посто ќе се вика по татко ми.И не сум од тие што се потресуваат дали женско или мушко.И грми си тераса ајде у 7 сабајле сонце изгрева ти си пиеш кафе и ништо друго не те допира до 7:30.После е друго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom